Македонија
Германската министерка за Европа, Ана Лирман во посета на државата

Утре во посета на Република Северна Македонија ќе биде министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман, информираа владините прес-служби.
„Владината делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со германската министерка за Европа Лирман, по што следуваат две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за надворешни работи“, се додава во соопштението.
Фокус на разговор ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регистрирани 96 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид – по 2, Прилеп, Кавадарци, Велес, Штип и Свети Николе – по 1 лице.
Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани се 88 оздравени пациенти од: Скопје – 57, Битола – 8, Охрид и Ресен – по 3, Кичево, Кавадарци, Велес, Свети Николе, Кочани и Неготино – по 2, Куманово, Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.314 тестови преку: ИЈЗ-133, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-42, ЦЈЗ Прилеп-19, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–97, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-41, Биотек-37, Систина-34, лабораторија Лаор-17, Синлаб-9, Ремедика-20, Плодност-8, Генеа-5, Никоб Лаб-64, ВФВ Медикал-14, Ели Медика Плус-18, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 615.
Досега во земјата се направени вкупно 2.041.295 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.038, бројот на оздравени пациенти е 301.202, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 543.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146285, Активни 315
Куманово 16663, Активни 13
Битола 15576, Активни 70
Прилеп 14194, Активни 17
Тетово 13470, Активни 7
Кавадарци 10672, Активни 16
Велес 9783, Активни 2
Гостивар 9603, Активни 9
Охрид 8888, Активни 20
Струмица 8071, Активни 2
Штип 8044, Активни 11
Кичево 5641, Активни 7
Кочани 5087, Активни 6
Струга 4724, Активни 5
Гевгелија 4417, Активни 4
Неготино 3687, Активни 2
Ресен 2743, Активни 11
Свети Николе 2629, Активни 3
Радовиш 2530, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 0
Делчево 1983, Активни 3
Дебар 1675, Активни 1
Берово 1674, Активни 13
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Македонија
Грковска: На Законот за заштита на укажувачи не треба да се гледа само како на алатка во борбата против корупцијата

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се обрати на конференцијата на тема „Пет години од имплементацијата на Законот за укажувачи“, организирана од „Транспаренси интернешнл Македонија“. Грковска во својот говор се осврна на значењето на Законот во борбата против корупцијата, но и на улогата што укажувачите ја имаат при зајакнување на демократските капацитети на општеството.
„На Законот за заштита на укажувачи не треба да се гледа само како на алатка во борбата против корупцијата, туку и како механизам кој ќе ги зајакне демократијата, владеење на правото, конкурентноста и општеството во целина. Пет години од имплементација на Законот е вистински период во кој може да се воочат сите предности, но истовремено и сите слабости. И една ваква работилница е одлична можност низ отворена дискусија, од личните искуства, да се најден начин како овој Закон подобро да се имплементира. Укажувачите се чувари на јавното добро, тие се важен елемент во заштитата од сите форми на злоупотреби. Да потсетам дека благодарение на две лица со интегритет, професионалци во својата област кои буквално го ставија својот живот на коцка, успеавме да ја откриеме најголемата злоупотреба на системот и најголемото непочитување на човековите права и злоупотреба на приватноста“, порача Грковска.
Грковска ја истакна и важноста од подигнување на свеста за јавното добро и општественo одговорно кај секој поединец во општеството.
„Ние, за жал, во трката што ја носи модерното време, како да го изгубивме чувството дека треба да се грижиме за општественото добро. Тоа што се случува во изминатите години, во одредени области е за поздравување, меѓутоа мислам дека има уште многу простор за работа за да ги воспоставиме принципите за тоа што значи добро владеење, што значи општествена одговорност и како сите ние како граѓани треба да се однесуваме“.
Заедно со вицепремиерката Грковска на конференцијата се обратија и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, народниот правобранител Насер Зибери, а модератор и домаќин на конференцијата беше Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл Македонија“.
Македонија
Пендаровски: Опасноста од нови војни повторно тропа на европска врата

По повод предадените апликации на Финска и Шведска за членство во НАТО, претседателот Стево Пендаровски ја даде следнава изјава:
„Денешното истовремено предавање на официјалните писма за барање за прием во најмоќната воена алијанса е испишување на уште една страница од историските промени во сојузништвото. Искрено ја поздравувам и поддржувам кандидатурата на овие значајни земји за просперитетот и безбедноста на Европа. За жал, фактот дека земји со традиционална воена неутралност со огромно мнозинство одлучуваат да ја променат, зборува дека опасноста од нови војни повторно тропа на европска врата. Со цел сеопшто посакуваниот траен мир да прерасне во реалност, проширувањето на алијансата е добра вест.
Ја поздравувам оваа одлука и упатувам поддршка за брз прием на земјите кои несомнено ќе дадат придонес во колективната безбедност. Тоа е одлука на суверени земји кои имаат право на сопствени одлуки, особено кога се работи за добросостојбата на нивните граѓани. Северна Македонија, како најнова земја членка на најмоќниот воено-политички сојуз, има чест да ја продолжи политиката на отворени врати со нашите партнери, Финска и Шведска, особено имајќи го предвид политичкиот, безбедносниот и географскиот контекст.
Со полноправното членство на Шведска и Финска, НАТО ќе се зајакне особено во неговото источно крило, од каде и доаѓаат најголемите предизвици, што е случај со руската воена агресија на Украина.
Дополнително, одличните билатерални односи со овие две пријателски земји ќе добијат на уште посилен интензитет преку идното сојузништво, со кое се зацврстува и партнерската соработка во сферите на заеднички интерес, вклучително и нивната принципиелна поддршка за уште едно сојузништво во рамките на Европа“ , изјави претседателот Пендаровски.