Македонија
Градежната офанзива во 2020 година е завршена

Во текот на иницијативата на Град Скопје, беа реконструирани 15 сообраќајници низ сите општини во Скопје, додека во процес на изградба се и уште три нови сообраќајници.Дополнително, на градските сообраќајници беше поставен нов асфалт во должина од 40 километри, што за споредба е подеднаква должина колку патот Скопје-Куманово.
Паралелно, се пробиваат нови мостови, улици и булевари во вкупна должина од 2.5 километри, со изведба на нови велосипедски патеки на 5 улици, како и нови тротоари со дрвореди и жардињери на уште 5 улици. Значајно е да се нагласи дека целосно е реконструиран источниот влез во градот.Но најважно од сѐ, сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови од 10-30 денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ковачки: Одговорност од Шекеринска и Пендаровски за бламот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и одговорност од претседателот, Стево Пендаровски, за, како што рече, бламот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО.
„Шекеринска и Пендаровски да не се кријат зад партиски соопштенија зад СДСМ и да одговорат кој и зошто ги прекршил процедурите при номинациите за воен претставник на Македонија во НАТО во Брисел. Земјата ја понижувате и срамите заради вашиот аматеризам. Ова е блам пред НАТО и Шекеринска и Пендаровски треба да сносат одговорност“, рече тој.
Според Ковачки, Шекеринска и Пендаровски, ја понижуваат и Македонија и алијансата, со самото тоа што две ипол години немаме наш воен претставник во НАТО.
„Јавноста мора веднаш да добие одговор на прашањата: дали Шекеринска знаела дека постои безбедносна пречка за лицата што ги номинирала, и ако знаела, зошто го довела во заблуда претседателот на државата да дава согласност и да ја срами државата пред нашите сојузници, дали Пендаровски ќе побара одговорност од Шекеринска, затоа што го довела во заблуда или ќе си одмолчи и релативизира и ако не е запазена процедурата за избор, зошто не е, и кој е тој, односно таа што е над процедурите за да може да одлучува по сопствено, односно партиско убедување“, праша Ковачки.
Македонија
Талески ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО

Новиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на aлијансата, Јенс Столтенберг.
Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. По церемонијата, следеше состанок на амбасадорот Талески со Столтенберг.
Со предавањето на акредитивните писма и официјално почнува мандатот на Талески како прв постојан претставник на Република Северна Македонија откако нашата држава стана 30. полноправна членка на НАТО на 27 март минатата година.
Македонија
Утре сончево и студено време, температурата ќе падне до – 14 степени

Времето утре ќе биде сончево и особено наутро студено, во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој по должина на Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 8 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степена.
До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе почне да дува јужен ветер, од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. В четврток преку денот во западните делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој ќе премине во дожд.
Во петок во западните делови, а во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе започне побрзо топење на снегот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира