Македонија
Градот Скопје ја намали фирмарината
Градот Скопје ги известува сите таксени обврзници дека во услови на прогласена светска пандемија предизвикана од вирусот Ковит -19 и последиците коишто истата ги предизвикува врз стопанството, со цел да им се помогне на компаниите да ги пребродат нарушувањата предизвикани од коронавирусот, Советот на Град Скопје донесе одлука за изменување и дополнување на Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје започнувајќи од 1.1.2020 година.
Со измените и дополнувањата се врши намалување на комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници коишто вршат дејност на територијата на 10-те скопски општини.
„Поради наведеното, ги известуваме сите таксени обврзници кои сè уште не извршиле уплата на обврските по основ на комунална такса за тековната 2020 година по подолу наведените основи, истите треба да ги уплатат согласно со добиените решенија, но со намален износ:
а) деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност 1.300,00
б) деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ 350,00
в) деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите 4.000,00
продавници, киосци, деловни единици и слично на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите, 2.000,00
деловни простории на правни лица од комуналните дејности 2.000,00
деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови што дејствуваат повремено 2.000,00
Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, од градот велат дека уплатениот износ кој ја надминува новоформираната цена за фирмарина ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на дополнителните средства.
Град Скопје исто така напоменува дека во времетраење на вонредната состојба нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

