Контакт

Македонија

Гранковиот синдикат молчи за барањата на медицинските сестри

Објавено пред

Здружението на медицински сестри, техничари, акушери и стоматолошки сестри „За нас“ се жали дека сè уште не добило одговор на барањата доставени до гранковиот синдикат и претседателот Љубиша Каранфиловски.

На состанокот што се одржа на 6 јуни, над 5.000 члена на Унијата на ЗМСТАСЛ, предводени од претседателката, сестра Горданка Бешлиовска, упатиле официјални барања за промени до гранковиот синдикат.

Тие бараат покачување на коефициентот на групата со ССС од 1,887 да се покачи на 2,40; пресметка на додатоците на сменско работење, ноќна работа и дежурства; корекција на профилите во колективниот договор; утврдување на стажот, поднесување старосна граница за пензионирање, како и измена на членот 216 од Законот за здравствената заштита за давање континуирани здравствени услуги во вид на дежурства да се однесува и за медицинските сестри.

Македонија

Утре и задутре затворен патот Велес – Градско

Објавено пред

Од АМСМ информираат дека утре и задутре ќе се изведуваат градежни активности на регионален пат Р1102, делница Велес – Градско во времетраење од два дена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Формирана Женска организација на Партијата за движење на Турците

Објавено пред

Викендов во Скопје е одржан основачкиот состанок на Женската организација на Партијата за движење на Турците (ТХП), со што по 20 години, првпат една турска политичка партија дава особена поддршка и поттик на жените од турската националност за нивното активно учество во политичкиот живот.

„Жално е што до ден денес не е направено доволно за интеграција на Турчинките во општеството. Со формирањето на Женската организација на ТХП, веруваме дека жените ќе добијат поактивна улога во општествено-политичкиот живот и заедно ќе развиваме поуспешни политики.На основачкиот состанок со своето присуство не` почести потпретседателката на МХП, Дениз Депбојлу. За претседател на ЖО на ТХП е избрана Ајсел Сејфулах”, соопшти партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Објавено пред

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го известил судот дека од 17 до 21 февруари ќе биде во Брисел на комитет на парламентарното Собрание на НАТО.

Димовски во поднесокот навел дека е шеф на делегацијата од Македонија. На судењето беа присутни останатите обвинети, освен бегалецот Никола Груевски. Следното рочиште е закажано за 7 март во 10 часот.

Во предметот „Талир“ обвинети се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски, ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, која лани призна вина и доби условна казна.

СЈО тврди дека обвинетите незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во готовина, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на различни имиња. Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари. Предметот ќе го суди судечки совет со кој ќе претседава Осман Шабани.

Никола Груевски е обвинет дека во периодот од 2009 година до 2015 година спротивно на Законот за финансирање на политички партии и Законот за спречување на корупцијата, обезбедувал финансии од анонимни и противправни извори на финансирање за ВМРО-ДПМНЕ.

Во овие свои активности му помагале обвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски, кои им вршеле притисок на претставници на правни лица, кои, пак, имале склучено договори за јавни набавки со државни органи, јавни претпријатија или единици на локална самоуправа да обезбедат финансиски средства во готовина за потребите на финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како противуслуга за добиените јавни набавки и реализираниот профит.

Обвинетите Илија Димовски, Елизабета Чингароска, Леко Ристоски и Миле Јанакиески, како овластени потписници на сметката на ВМРО-ДПМНЕ, иако знаеле дека парите потекнуваат од кривично дело, ги пуштиле во натамошен оптек со потпишување налози за плаќање на обврските и за купување недвижен имот за ВМРО-ДПМНЕ.

За предметот „Талир“ има уште едно обвинение за кое судот сè уште се нема произнесено дали е оценето обвинението, а се однесува на незаконска изградба на партиското седиште.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет2 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Македонија2 часа

Заев и Ахмети ги почнуваат разговорите за консензуален претседателски кандидат

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, денеска во Клубот на пратениците треба да одржат средба...

Свет2 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет3 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет4 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет4 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Македонија13 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија16 часа

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија19 часа

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија23 часа

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет1 ден

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија1 ден

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Свет1 ден

Аргентина: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала (28) во неговиот роден град во Аргентина, четири...

Македонија2 дена

Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на...

Свет2 дена

(Видео) Работник кој добил отказ застрела петмина колеги во Чикаго

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго, кога 45-годишн маж пукал во индустриско складиште...

Македонија2 дена

Притвор за 11 членови на криминална група, разработиле шема за шверц на мигранти од Грција кон Србија

Единаесет членови на криминална група кои што разработиле шема за шверц на мигранти од Грција, преку земјава, кон Србија, завршија...

Македонија2 дена

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со...

Свет2 дена

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за ѕидот кој планира...

Досие