Контакт

Македонија

Граѓаните ќе може да пријават повреда на избирачкото право

Објавено пред

Граѓаните кои сметаат дека им е нарушено избирачкото право на референдумот, тоа ќе може да го пријават во Државната изборна комисија, кај  набљудувачите на изборите и во  институции и организации што го надгледуваат спроведувањето на референдумот.

Државното јавно обвинителство, Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет ќе бидат отворени до 19 часот за граѓаните кои ќе сакаат да пријават повреда на гласачкото право на референдумот.

Комисијата на Основното јавно обвинителсто следи дали некој ќе направи кривично дело против изборите и гласањето. На електронската адреса на комисијата ([email protected]v.mk) граѓаните, партиите, невладините организации, домашните и меѓународните институции, може да ги пријават неправилностите со организирањето и спроведувањето на гласањето.

Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на гласачкото право. Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Хелсиншкиот комитет за човекови права информираше дека нивната канцеларија во Скопје, во близина на градскиот парк, ќе биде отворена во текот на целиот ден, за да им се овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на референдумското изјаснување. Евентуалните случаи на повреда ќе можат да се пријават и на телефонските линии +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)72 278 436 и на електронската пошта [email protected]

Македонија

Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Објавено пред

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по завршувањето на Конгресот.

Тој образложи дека со новите измени за првпат една политичка партија својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, а изборот ќе се случува следната година во првото полугодие кога истекува мандатот на ова раководство. Тоа значи дека секој член ќе може да гласа и директнто да одлучува кој и како ќе ја води партијата.

„За претседател на СДСМ ќе може да се кандидира секој член со најмалку 5 години работа во партијата и 1 мандат како член на Централниот одбор со право на глас“, рече Заев изразувајќи надеж дека овој пример понатаму ќе го следат и другите политички партии.

Со новите измени црвената боја станува боја на СДСМ.

„Тоа е бојата на социјалдемократијата. Боја што ја отсликува силата и вербата во подобра заедничка иднина. Тоа е боја на нашето македонско знаме“, рече Заев на прес-конференцијата.

Понатаму, тој кажа дека првпат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија со измените се регулираат како трајни и статутарни форми на организирање, чие постоење не зависи од политичката волја на моменталното раководство. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас.

За првпат се формира и Форум на пензионери.

„Целта на Форумот на пензионери е да ги мотивира највозрасните членови и да ги искористи нивните капацитети, искуства и знаење за унапредување на мерките и животот за сите граѓани“, рече Заев.

Денеска беше усвоен и извештајот за победа на парламентарните избори, а партијата воведе и Кодекс на однесување на членовите на СДСМ.

„Ние сме нова генерација која може да креира нова дефиниција на политичари со висок морал кои сами на себе треба да бидат најсилна контрола“, рече Заев.

СДСМ го одржа својот 25 Конгрес, за првпат дигитално. Претседателот на владејачката партија оцени дека Конгресот бил одржан во победничка и демократска атмосфера.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски: Со измените на Статутот воведуваме мерит систем и ја зголемуваме мобилноста на партијата

Објавено пред

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во обраќањето на 25-тиот Конгрес на партијата најави дека со новиот Статут се предвидуваат и организациите на СДСМ во другите држави, кои ќе учествуваат во работата на партијата преку свои делегати и ќе добијат официјално и статутарно признание за нивната долгогодишна несебична помош и нивниот третман во партијата.

„СДСМ за прв пат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем. Тоа ќе го надградиме. Реализација на дадените задачи од страна на централата на СДСМ, по предвидениот Фиксен месечен календар кои општинските организации преку претседателот го следат и реализираат. Нашата цел е зголемена ефикасност и мобилност на партијата која ќе овозможи континуитет во работата на партијата, исполнување на програмите и ветеното како и присутност помеѓу граѓаните“, порача Николовски.

Во обраќањето, генералниот секретар Николовски се осврна и на целите на идното работење на партијата.

„Пред нас имаме нови цели во однос на напредокот на државата но и во однос на работата на партијата. Време е да ја зголемиме динамиката на работа во СДСМ на сите нивоа. Партијата да работи со полна пареа, соодветно на одговорноста што ја има добиено од граѓаните. Заедно, можеме да постигнеме се. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро! Ве повикувам заедно да продолжиме по патот кој го трасиравме, по вистинскиот пат. Не само затоа што можеме уште повеќе и уште подобро! Пред се, затоа што сакаме!, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Внатрепартиски избори, Форум на пензионери, црвената да биде боја на СДСМ- Заев ги најави промените во статутот

Објавено пред

Партискиот претседател да се бира на внатрепартиски избори, целосна родова еднаквост, форумот на жени и СДММ да се воведат како трајни партиски тела, формирање Форум на пензионери, црвената станува партиска боја. Ова се дел од измените на статутот кои денеска ги најави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев за време на обраќањето на 25. партиски Конгрес.

„СДСМ е првата партија во нашата држава која на следниот Конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, секој член ќе може да гласа и дирекнто да одлучува кој и како ќе ја води партијата. Првите вакви избори е планирано да се одржат веќе следната година, кога истекува мандатот на ова раководство“, рече Заев.

Со предлог измените кои денеска се пред делегатите, СДСМ воведува и родова еднаквост меѓу мажите и жените, во органите на партијата.

Заев вели дека прв пат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија  со измените се регулираат како трајни и статутарни форми на организирање, чие постоење не зависи од политичката волја на моменталното раководство. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас. На сите нивоа, државно, градско и општинско. За првпат, СДСМ ќе добие и Форум на пензионери, подвлече Заев.

Статутарните измени предвидуваат и зајакнувања на капацитетите и овластувањата на Форумот на жени, Социјалдемократската младина на Македонија, Организациониот секретар, Секретарот за меѓународна соработка, како и Комисиите на партијата.

На овој Конгрес, рече Заев, СДСМ ја впишува црвената боја, како своја боја – тоа е бојата на социјалдемократијата, на победата, на левицата, бојата на слободата, бојата на животот, тоа е бојата на македонската иднина.

„Новит лик на СДСМ не се случи преку ноќ – заедно, напорно работевме сите наши членови, годините наназад и успеавме. Имаме силен СДСМ, динамичен, моќен, цврст, стабилен, прогресивен. Тоа е нашиот бренд. Цврст, моќен и прогресивен СДСМ, партија и организација која ги следи најновите европски патокази на Европската социјалистичка партија“ посочи Заев.

Претседателот Заев истакна дека измените на Статутот ја прават СДСМ уште поодговорна и поевропска партија и изрази уверување дека предложените измни ќе бидат усвоени.

„Преку овие измени на Статутот СДСМ станува уште поодговорна, уште поевропска и помодерна партија посветена на реалзиација на мерки и политики што значат подобра иднина за сите. Очекувам дека низ плодна, аргументирана дебата тие ќе бидат усвоени од страна на Конгресот. Би сакал да се заблагодарам на Прогрес Институтот за Социјална Демократија за помагањето на работната група при изготвувањето на статутарните промени, а со тоа и на нашите партнери, Меѓународниот Центар Олоф Палме од Шведска.“заклучи Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Македонија2 часа

Погребан Амди Бајрам

Поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел. Амди Бајрам...

Европа4 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион6 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ6 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија8 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија9 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија9 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија21 час

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија1 ден

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион1 ден

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет1 ден

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет1 ден

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија1 ден

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија1 ден

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија1 ден

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион1 ден

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија1 ден

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет1 ден

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија1 ден

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Досие