Македонија
Груби ги охрабрува институциите да го гонат него, Ахмети, Ковачевски, ако сториле злоупотреби и да одат до крај
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/grubi-i-ahmeti.jpeg)
Вицепремиерот Артан Груби ги охрабри обвинителите кои водат постапки против него и политичарите да одат до крај со истрагите. Прашан за коментар, што мисли за критиките од американската амбасадорка Анџела Агелер, тој посочи дека испраќа апел до институциите да работат. Според него, политичките партии не можат да лоцираат вина, туку само Обвинителството кое покренува истраги и обвиненија, како и судот кој ја носи последната одлука.
„Ги охрабруваме сите институции да пристапат да преземат дејствија и да ги истражат сите функционери – од премиерот, Ахмети, па сите други. За мене има неколку предмети во Антикорупциска и Јавното обвинителство. Ги охрабрувам за секоја пријава од граѓаните, да се отвори предмет и да се оди до крај. Треба да ставиме крај на пропагандата и да видиме дали тие обвинувања се вистинити или не. Тоа ќе го утврди Обвинителството и судот на крај. А не политичките партии“
Претходно, Агелер во интервју кажа дека таа е разочарана бидејќи корупцијата е и натаму еден од најголемите предизвици за Македонија. Таа кажа дека ова е проблем кој трае 31 година. Одговорноста ја лоцираше кај судството, Владата и граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.