Македонија
Груби: Да скапеме во доживотен затвор ако се проневери и еден денар за коридорите
Ако се проневери и еден денар од проектот за изградба на Коридорите 8 и 10 д на „Бехтел и Енка“, ние политичарите да скапеме во доживотен затвор, рече првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, во, како што беше најавено, месечно излагање во Стопанската комора на настанот именуван како „Бехтел и Енка – можности, предупредувања и договори“.
Вели дека не познава ниту еден политичар што би си дозволил коруптивни активности во проект што го спроведуваат вакви компании.
Според Груби, хајката што се води е само за дневна политика.
Груби изјави дека досега не се исплатени средства, а за првите пари што ќе бидат дадени авансно за почеток на градежните работи ќе биде објавено на порталот „Отворени финансии“.
За измените на Законот за работните односи, Груби рече дека овие измени не значат експлоатација на работниците и злоупотреба на нивните права. Вели дека не се работи за 60 часови работа, туку за дополнителни часови со согласност на работниците, рече Груби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

