Контакт

Македонија

(Видео) Груби: Контрола за сите функционери за корупција и наркотици

Објавено пред

Пратеникот на ДУИ Артан Груби најави дека ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, како што се судии и обвинители, за контрола во врска со користење наркотици, но и учество во криминал и корупција.

„Ние оваа иницијатива ја почнуваме од нашите редови во ДУИ и сакаме да ја предложиме на Собранието, а очекуваме и поддршка од граѓанскиот сектор и медиумите. Секој кој врши јавна функцикја треба да подлежи на овој тест и ние очекуваме поддршка од сите кои се искрени“, рече Груби.

Тој не сакаше да одговори дали Павле Богоевски треба да ја напушти функцијата пратеник, но повтори дека за ДУИ е неприфатлива терминологијата „метла“ затоа што не била достоинствена за луѓе.

Во однос на преговорите за промена на функционери од редовите на ДУИ и СДСМ, Груби рече дека доколку има нешто на оваа тема, медиумите ќе бидат навреме известени.

Македонија

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Објавено пред

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од фунцијата, коментирајќи дека против него се води нецивилизирана кампања.

„Преку ова мое соопштение ја известувам јавноста дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Реисул Улема на ИВЗ во РСМ, нагласувајќи при тоа дека за мојата досегашна работа одговарам пред Бога и спремен сум да одговарам пред Законот. На ИВЗ во РСМ за чие што единство сум работел сиот свој работен век и која што ја чувствувам како составен дел на мојот живот, и пожелувам успеси во работата во иднина, додека на исламските верници им пожелувам среќа а мирот, љубовта и милоста Божја да бдеат над нив било каде да се наоѓаат“, пишува Реџепи.

Тој вели дека кампањата што се водела против него била нецивилизирана и се однесувала на неговата личност при што биле нанесени сомнежи на неговата активност и ангажирање на чело на ИВЗ во РСМ.

„Како верски водач и човек, длабоко сум трогнат од оваа навредлива кампања, но во ниту еден момент не го оспорив правото на било кој да го изнесе своето мислење и став, свесен и уверен дека Единствениот и Конечен Судија за делата на секој човек е и ќе биде секогаш единствено Семоќниот Алах“, вели Реџепи во писмото.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Објавено пред

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано од Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, се усвојува, додека Одлуката на Влада со која се поништуваат решенија за распоредување на работно место се поништува.

Тужбата на Министерот Чулев се однесува на одлука на Владата донесена на почетокот на февруари, а со која беа поништени вкупно 88 решенија за распоредување донесени од страна на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Ваквата одлука на Управниот суд е уште една потврда за погрешните политики кои ги спроведува Владата, а кои се спротивни на законот, но и доказ дека зад сите одлуки на Владата поврзани со Министерството за внатрешни работи стојат исполнување исклучиво на политички цели. Претходната одлука донесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција и оваа пресуда од Управниот суд се потврда на моите тврдења дека распоредувања во Министерството за внатрешни работи се во согласност со законот. Во таа насока ги охрабрувам вработените во Министерствот за внатрешни работи и во иднина да постапуваат соглсно со законот и да ги почитуваат актитe кои се донесени од моја страна, затоа што тие се во согласност со законот што во суштина и единствен концепт на кои се заснова моето работење и раководење со министерството, а што потврда се и одлуките на ДКСК и Управниот суд“, вели министерот Чулев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Општина Центар со протокол за безбеден прием на првачиња во новата учебна година

Објавено пред

Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и насоките од Министерството за образование и наука, Општина Центар во соработка и по иницијатива на воспитно-образованиот кадар од ООУ „Коле Неделковски“ креираа протокол за безбеден прием на првачиња во учебната 2020/2021 година. Овие мерки се преземаат како дополнителна заштита од новонастаната ситуација со коронавирусот, а протоколот ќе се применува и почитува во сите основни училишта во Центар.

Во текот на месец мај, сите основни училишта во Општина Центар формираа електронски систем за аплицирање и упис на првачињата, додека од први јуни официјално ќе се отворат училишните порти за учениците кои ќе бидат тестирани за упис во прво одделение.

Пред влезот на училиштето, со специјална пумпа ќе се дезинфицираат чевлите,како мерка за заштита и зголемена безбедност при слободно движење во училиштето, потоа, со дигитален бесконтактен топломер, на брз и ефикасен начин ќе им биде измерена телесна температура на децата и родителите од страна на стручниот тим во училиштето. Секој ќе добие хигиенски „каљачи“ за еднократна употреба и ќе биде извршена хигиенска дезинфекција на рацете, а родителите дополнително ќе користат заштитни маски и стерилни ракавици.

„Со оглед на условите во кои се наоѓаме во време пандемијата, јас и мојот тим од ООУ „Коле Неделоковски“ креиравме протокол за безбеден прием на првачиња за учебната 2020/2021 година, согласно препораките од Комисијата за заразни болести и насоките од МОН. Во рамки на овој протокол се почитуваа сите безбедносни мерки и затоа би сакала да ги охрабрам сите родители со оглед на тоа дека првиот уписен ден започнува на први јуни, слободно да дојдат затоа што навистина сме подговтвени и со нетрпение ги очекуваме првачињата во нашето училиште. Се надевам дека овој протокол кој што го смисливме дека ќе го почитуваат и другите училишта, не само во Општина Центар, туку и на ниво на цела држава. Истиот протокол е поддржан од Општина Центар“ – изјави директорката Светлана Масларевска.

Учениците ќе се тестираат во неколку простории со еден тестатор, почитувајќи ги препораките за одржување дистанца на растојание од 2 метри. Преку дидактички материјали за бесконтактно тестирање и сопствени боички, првачињата ќе се подготвуваат за почетокот на новата учебна година, а родителите ќе бидат ангажирани во пополнување на потребните материјали за упис.

„Во учебната 2020/2021 година, очекуваме да бидат запишани 550 првачиња во осумте основните училишта на територијата на Општина Центар. Ја поздравувам иницијативата на креативниот тим од ООУ „Коле Нелковски“ за спроведување на овој протокол за безбеден прием на нашите првачиња. Би сакал да ги информирам родителите дека ние како општина, во соработка со училиштата во Центар, подготвени сме во однос на безбедноста за нивните деца и дека со нетрпение ги учекуваме учениците да им посакаме добредојде и да им го честитаме уписот во прво одделение“ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од...

Свет43 минути

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија2 часа

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија3 часа

На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за...

Македонија3 часа

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија3 часа

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет15 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија18 часа

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион20 часа

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија21 час

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија22 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија23 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија23 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија23 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија24 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија24 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија1 ден

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет1 ден

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Досие