Македонија
Груби – Мекачи: Измената на Изборниот законик бара консензус од сите политички партии
Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, денеска оствари средба со Матео Мекачи, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР).
Соработката меѓу ОДИХР и институциите во земјата е на високо ниво, но треба да продолжи исто и во иднина, беше констатирано на средбата меѓу Груби и Мекачи.
Двајцата соговорници ја потврдија важноста на почитувањето на човековите права и слободи преку целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор како гаранција за целосна социјална интеграција на сите заедници во земјата.
Во рамките на оваа средба се разговараше и за Изборниот законик и за важноста од отворање дебата, а Владата во последното мислење дадено по овој предлог-закон за изборните констатира дека процесот на донесување на Изборниот законик неминовно ја наметнува потребата од консензус на сите политички партии и тоа бара поширока дебата, интердисциплинарна работна група со сите партии.
Исто така, дел од разговорот меѓу Груби и Мекачи беше и процесот на пописот на населението, чии резултати се објавија денес и дадоа нова слика за бројот на населението и на сите заедници што живеат во Република Северна Македонија.
На средбата се разговараше и за спорот со Бугарија, за предизвиците со кои се соочуваме на патот кон евроинтеграциите, за работните групи, кои веќе функционираат усогласено со сите детали за еден договор, кој би ѝ дал зелено светло на земјата да добие датум за почеток на разговорите со ЕУ и одржување на првата меѓувладина конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

