Македонија
Груби: Подготвени сме да се откажеме и од привремената влада со премиер Албанец за иднината на државата
Подготвени сме да се откажеме и од привремена влада со премиер Албанец, но и од нашите мандати, истакна првиот вицепремиер Артан Груби за косовската телевизија „Т7“ откога ДУИ вчера ги депонира условените оставки, кои би се активирале тогаш кога опозицијата ќе гласа за уставните измени.
„Се откажуваме од сето она што е политички договор со коалицијата под услов опозицијата да ги поддржи уставните измени“, рече Груби додавајќи дека со тоа е исполнет условот на опозицијата, односно отворен е патот за гласањето и европската иднина на државата, а одлуката не била ненадејна.
Во интервјуто Груби рече дека е очигледно оти на опозицијата не ѝ пречи вклучувањето на Бугарите во Уставот, туку ѝ пречи Албанците да бидат во Владата,
Додаде дека во случај на предвремени парламентарни избори, ДУИ не планира да настапи сама и ги повика сите други албански политички партии да се обединат во еден проевропски политички фронт.
За да поминат уставните измени, потребни се гласови од две третини од пратениците. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на портпарол на ДУИ, викендов изјави дека им недостигаат уште осум пратеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

