Македонија
Груевски: Ништо не е запленето од мене, власта уценуваше бизнисмени да кажат дека одреден имот е мој

Никола Груевски, поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер, преку социјалните мрежи порача дека ништо што е запленето и национализирано не е негово.
„Иако во минатото во повеќе наврати кажав и детално објаснив, со оглед дека власта и нејзините блиски медиуми ја актуализираа темата деновиве, сакам да повторам дека ништо не е запленето и национализирано од мене, односно нешто што била моја сопственост“, пишува Груевски.
„Она што власта го направи е што изврши доволно силен притисок, уцена и закана за големи последици за нив лично и за нивниот бизнис, кон тројца бизнисмени, при што двајца од нив ги држеа со месеци во незаслужен притвор и без вина ги обвинија, со цел ако сакаат да се спасат од политички прогон да кажат дека одреден имот кој е нивни или имале некаква допирна точка со него, бил мој или наменет за мене.
Двајцата иако на почетокот имаа коректни изјави кои ја отсликуваа вистината, подоцна под притисок на обвинителството ги сменија дијаметрално спротивни изјавите и за возврат добија симболични казни, а третиот имаше својство на сведок кој иако уценет и под притисок кажа дека во неколку пати сме се среќавале и никогаш со мене воопшто не разговарал за станови или земјишта, а уште помалку давање или земање пари од мене, и се му кажувале други лица дека тоа наводно било наменето за мене, а тие други лица негираа пред судот, дека е тоа вистина.
Не само што тврдењето дека имотот бил мој е лага, туку власта не обезбеди ниту елементарни докази за истото. Обвинителството нарача од меѓународна правна помош информации за тоа точно, кој и кому е плаќано од таа фирма во странство која купувала земјиште, и од каде и дошле приходите со кои инвестирала. Се извршија и други проверки на македонските фирми.
Ниту една трансакција за плаќање од моја страна,мој близок, некој што може да се побрзи со мене или Македонец, ниту пак извор од каде се тие пари кои наводно сум ги платил, ниту сведок кому сум му дал пари или од кого сум земал пари, ниту било каков документ со мој потпис, ниту било каква поврзаност со тие кои купувале, ниту пак тие кои го купувале тој имот, или оние кои го продавале, ме посочија мене дека сум побарал од нив такво нешто или сум им дал пари.
Потона и онаа лажна теза дека сум земал партиски пари па со нив сум купувал и со тек на време додека траеше судењето ја напуштија, бидејќи не само што не обезбедија елементарен доказ за тоа, туку и официјални преставници на партијата од поранешното и сегашното раководство го демантираа тоа во судот.
Бизнисмените или кој и да е, си жртвуваа свој сопствен имот „за да спасат жива глава“ односно за да се спасат од политички прогон кон нив со големи последици, кој имот без никаков доказ обвинителот и судијата ми ги натоварија на мене, за да може СДСМ пред избори тоа да го користи, а Заев да каже дека нешто успеал и да го задоволи своето его и бедна душа.
Два од тие станови ги имав изнајмено под кирија со уредно потпишан договор за изнајмување, а другите три ниту сум ги видел, ниту знам каде се, ниту имам било каква врска со нив, исто и како со двете земјишта. Ниту еден стан од овие кои ми ги препишуваат никогаш не бил на мое име или на мој близок. И јас навистина незнам со кои аргументи и со кое лице врховниот суд би ја одбил поднесената жалба, ако тоа го стори“, пишува поранешниот премиер.
„Но, да не должам, само ќе повторам дека оваа власт предводена од СДСМ осум години води политички прогон кон мене со најгнасни методи на уцена и заплашување на сведоци и обвинети, со фантазии и претпоставки кои ги нарекуваа докази, притисоци и трговија со унапредувања и други крупни услуги на судиите. И со многу награди за оние кои на валкан начин им го изработија тоа, па така судијаката Кацарска која не само што неправедно ме осуди, туку неправедно го ослободи Зоран Заев во предмет со очигледни законски и по наредба на судија прибавени видео и аудио докази за барање мито од струмички бизнисмен, беше наградена дури со назначување за претседател на уставниот суд.
Кратко кажано, лоповската и криминална власт предводена од Заев, додека ја пљачкаше државата и ги пренесуваше парите во фирми во Дубаи каде законите за потеклото на парите се полиберални и од каде ги инвестираа во акции на авио компанија за превоз на патници во Пакистан и Индија, во градба на апартмани во Таџикистан, во градба на болница од над 100 милиони евра во Дубаи и во повеќе други инвестиции во странство, додека шверцуваа марихуана од нивните плантажи, додека заработуваа на криминалните тендери за модуларни болници од кои многу луѓе го загубија животот и живи изгореа а сега преку влијанието во правосудниот систем за кое зборував се заташкува вината, додека нивните фирми стануваа подизведувачи во секој покрупен градежен проект во Македонија, додека најдрско рекетираа бизнисмени и се обидуваат да им ги превземат бизнисите и имотот и додека сега се обидуваат преку енергетскиот сектор во областа на струјата, ископот на јаглен и увозот на гасот со користење на политичко влијание да извлечат уште пари од македонските граѓани кои ќе ги пласираат во далечни држави, додека крадеа и сеуште крадат стотици милиони евра државни и народни пари, а потплатуваа медиуми за да се тоа се заташка, во исто време додека го правеа сето ова набројано, за одвлекување на вниманието ја замајуваа јавноста со монтирани случаи на своите политички противници.
Последната нивна заложба е да си обезбедат неказнивост во иднина и затоа се впуштени во правење на разни политички комбинаторики, тајни состаноци и тајни коалиции и сојузништва, кои неодамна во емисијата 360 степени, ги потврди МВР и подпретседател на СДСМ Оливер Спасовски, се со цел долгорочно да си сочуваат мир и да си создадат услови и понатаму да се богатат на грбот на македонскиот народ и граѓани“, се наведува во објавата на Груевски на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.