Македонија
Груевски: Пресудата на Врховниот суд за „Тенк“ не е изненадување

За експремиерот Никола Груевски, сега азилант во Будимпешта, не е изненадување што Врховниот суд ја потврди неговата двегодишна затворска казна, која му е изречна во случајот „Тенк“, а поради која избега од органите на прогонот. Коментирајќи го потегот на судот, тој вели дека не постои реформа или закон што може да промени нешто во македонското судство бидејќи, според него, државата функционира по принцип на мафијата, каде што власта контролирајќи ги Обвинителството и судот, работи преку фабрикувани случаи за да ги гони политичките неистомисленици.
„ЕУ може колку сака да објавува извештаи за напредок или да поздравуваат новодонесени закони, но додека судиите функционираат под принуда и страв од извршната власт дека може да бидат казнети доколку се непослушни, односно додека извршната власт работи на мафијашки принцип, реален напредок нема да има. Во моментот со најавеното т.н. прочистување судот е под досега невиден притисок и страв и веројатно не постои судија што воопшто размислува да ѝ се спротистави на власта која отворено, од една страна, најавува проверка на решените предмети на секој судија, а таа проверка ќе ја прави оваа власт преку субјективна процена на преставници избрани од неа, а од друга страна, испраќа емисари да пренесат пораки до Обвинителството и судот за тоа како како треба да одлучат за еден или друг предмет од оние што им се важни и во фокусот на вниманието“, напиша Груевски на „Фејсбук“.
Според него, власта создава лажна претстава за себе дека се бори против криминалот, а во заднина тој тврди дека криминалот непречено функционира без застој и со полн капацитет.
„Покрај личната злоба, мотивите за овој политички прогон се водени од елиминирање на секој политички неистомисленик од кого власта која функционира на мафијашки принцип би можела да биде загрозена на еден или друг начин. Секако, свесно ќе прават по некој исклучок за да имаат аргумент за дискусија, но принципот е тој. Доминантна е и потребата на власта за лажно претставување на наводна борба против криминалот пред јавноста и пред ЕУ додека во заднина криминалот непречено функционира без застој и во полн капацитет, а судско-обвинителските органи не смеат да помислат да дејствуваат против главните актери на власта. Напротив, ако веќе има од некого иницијатива, по кратка постапка ги прогласуваат за невини. Уште подоминантна е секако потребата економската инфериорност на власта и преземените обврски за отстапување и распродажба на националните интереси, некои завршени, а други во план, да се одвиваат во атмосфера на страв од одмазда кај секој што би се спротиставил и со свртено внимание кон политичкиот прогон и фабрикуваните судски случаи, кои да не беше политичкиот притисок, немаше ни да влезат во судска постапка. Секако, тие еден ден ќе завршат со фијаско, независно дали пред домашните или меѓународните судови, но во меѓувреме власта со помош на контролираните во доминантен број медиуми ќе успева да го оттргнува вниманието од огромните злодела што им ги прави на народот и нацијата. И, секако, многу невини луѓе ќе страдаат во меѓувреме за што еден ден сигурен сум дека ќе има одговорност за сторителите. Некаде со втерување страв, закани, уцени и заплашувања, некаде со поткуп, но принципот е ист насекаде независно дали станува збор за работата на институциите на прогонот, медиумите, изборите или што и да е“, додава Груевски.
Груевски тврди дека премиерот Зоран Заев преку свои посредници вршел притисок и влијание врз Врховниот суд, а тоа го правел и преку пониските судови.
Нема воопшто никакво изненадување во одлуката на Врховниот суд да ја потврди пресудата за „Тенк“, кој е само дел од…
Posted by Nikola Gruevski on Friday, September 18, 2020
„Зоран Заев преку свои посредници кои настапуваа и пренесуваа пораки во негово име, најчесто негов близок адвокат, континуирано вршеше притисок и влијание врз Врховниот суд, а тоа го правеше и го прави и врз пониските судови, вклучувајќи го и Кривичниот суд за други предмети од корпусот на оние предмети создадени со политички мотиви и интервенции и кои се дел од политичките прогони во Македонија. Пораките секогаш се од една личност, само пштарите некогаш се менуваат, а неретко доставата е и лична, понекогаш и јавна. Ситуацијата дојде до тој степен на страв кај судиите,ж што во некои предмети судот се плаши дури да прифати и сослуша барем еден сведок предложен од одбраната, а ги прифаќаат сите предложени сведоци од Обвинителството. Ова од причина што ако прифатат и сослушаат сведок на одбраната, може да се доведат во непријатност во однос на пресудата, која свесни се дека неправично мора да ја донесат, но чуствуваат дека ако не ја донесат, ќе имаат лични последици. Таков е, на пример, случајот во предметот за протестите во Центар, каде што сите сведоци на Обвинителството се прифатени и сослушани, а ниту еден од оние што јас ги предложив или, пак, подоцна адвокатот назначен по службена должност од страна на судот“, додава Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кузеска: Властa ја пропушти шансата за фер изборен законик

Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите, изјави портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска за изборниот законик.
„Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите“, изјави Кузеска одговарајќи на новинарско прашање.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДС пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Филипче како живее, бијдеќи тоа што го збори СДС, а Филипче го прави не соодветствува едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на која СДСМ побара покачување на минималната плата и платите во сите сектори.
„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата, се стига до јахти, облакодери и акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите.
Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи. Од земја на раб на банкрот, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат во време на СДС, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции.
Разликата е јасна. Со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, се додава во партиската реакција.
Македонија
(Видео) Владата да ја покачи минималната плата на 500 евра, порача СДСМ

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски за наводен раст на платите од 11 до 13 проценти месечно се најголемо потценување и навреда за граѓаните, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Мицкоски сака да каже дека платите во последните месеци пораснале и до 110 проценти. Такви фантазии не постојат во македонската економија. Реалноста е спротивна – цените растат, а платите стагнираат“, рече Кузеска.
Таа посочи дека според официјалните податоци синдикалната кошница за четири месеци се зголемила за 3.473 денари, додека просечната плата пораснала за само 1.033 денари.
„Минималната плата во Македонија е најниска во регионот, додека во БиХ е 511 евра, во Србија 500, во Црна Гора меѓу 600 и 800 евра. Владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да достигне 500 евра“, изјави таа.
СДСМ оценува дека Македонија тоне во сиромаштија, со БДП по глава на жител од 8.751 долар, далеку под европскиот просек.
„Филмовите на Мицкоски не ја плаќаат потрошувачката кошница. Владата мора веднаш да ги покачи платите и да го прифати предлогот на СДСМ за минимална плата од 500 евра и покачување во сите сектори“, додаде Кузеска.