Македонија
Две години од „крвавиот четврток“ во Собранието
Пред две години, на денешен ден се случи насилниот упад во Собранието, кога лица со фантомки влегоа во законодaвниот дом. На упадот претходеа протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со барање за отфрлање на т.н. „тиранска платформа“ и одржување нови парламентарни избори.
По големиот судски процес процес, на затворска казна од вкупно 211 години неодамна беа осудени 16 обвинети, меѓу кои и екс-директорот на БЈБ, Митко Чавков. Тие се неправосилно осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Процесот се водеше против вкупно 33 лица, а по донесувањето на Законот за амнестија беа амнестирани 15 од нив.
Претходно, за обид за убиство и учество во топла беа осудени уште деветмина, а затворски казни добија и лицата кои се обидоа да го убијат Зијадин Села.
И по две години од настанот, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште нема подесено обвинение за организаторите на настанот. Меѓу нив се осомничени бегалецот Никола Груевски, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс-министерите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и бегалецот во Грција, Никола Бошкоски.
Од Обвинителството соопштија дека истрагата е отворена и до крајот на мај се очекува да подигнат обвинение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

