Македонија
Делегации на СДСМ во Крушево, Скопје и Пелинце за 2 Август – Денот на Републиката

По повод чествувањето на 2 Август, Денот на Републиката, делегации од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе присуствуваат на одбележување на големиот празник – Илинден во Крушево, Скопје и Пелинце.
Во Крушево, делегацијата ќе ја предводи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во придружба на потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова и пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.
Делегацијатаж ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев во Крушево и на Спомениот на хероите на месноста „Слива“.
Подоцна, делегацијата ќе присутвува на Панихида за паднатите херои, во храмот Свети Никола во Крушево.
Во 12:00 часот делегацијата ќе положи свежо цвеќе на Мечкин Камен.
Во Скопје, делегацијата ќе ја предводи потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во придружба на Маја Мојсова Мијовска – кандидатка за градоначалничка на Карпош и Оливера Ливриниќ од општинската организација Бутел.
Делегацијата ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев (Собрание на Република Северна Македонија), пред споменикот на АСНОМ (парк „Жена Борец“) и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто (Плоштад Македонија).
Во Пелинце делегацијата ќе ја предводи генерален секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ заедно со организацискиот секретар и кандидат за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Делегацијата ќе положи цвеќе пред Меморијален центар на АСНОМ во Пелинце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.