Македонија
Делегација на Левица положи свежо цвеќе по повод 8 Септември
На денешен ден 1991 година е одржан Референдумот за независност на Македонија, а на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани, односно 95,26% од оние кои гласале биле „за“ суверена и независна држава Македонија.
По тој повод, денес на 33 – годишнината од независноста на Mакедонија, делегација на Левица составена од членовите на Централниот комитет, Андреа Јанков, Гордана Ивановска и Марјан Димитриев, положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци на НОБ во Алејата на великаните во Бутел.
„И овој 8 Септември потсетуваме дека Уставното име на државата е Република Македонија! Референдумот одржан на 30 септември 2018 година, за промена на уставното име беше неуспешен. Оттука, промената на уставното име на државата, како последица на Преспанскиот договор, којшто насила го склучи тогашната квислингшка власт (без потпис од претседателот) е ништовен! Левица останува доследна на правото за самоопределување на народите и како партија не ги признава империјалистички наметнатите договори, спротивни на повелбата на ООН, коишто го нарушија суверенитетот на државата и угледот на Македонците! Сметаме дека овие нелегитимни договори не треба да се почитуваат! Секоја наредна Влада која ги почитува истите, слободно, може да се смета за соучесник во најголемото предавство направено на македонскиот народ од тогашната влада на СДСМ“, порачуваат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Пајакот“ крена 148 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар минатата недела
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 30.09. до 06.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 148 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, се нагласува во соопштението.
Македонија
(Вознемирувачко видео) Седум кученца живи фрлени во контејнер во Кочани
Вработените во КЈП „Водовод“ во Кочани, задолжени за собирање и складирање на отпадот при нивната редовна работа, во контејнер за отпадоци пронајдоа вреќа со седум мали живи кутриња, фрлени на нехуман начин заедно до другото ѓубре.
Од претпријатието нагласија дека секојдневно се соочуваат со отпад за кој не се задолжени да го собираат, како градежен шут, електронски и медицински отпад, но овој случај ги надминал сите граници.
Оваа случка стана вирална и предизвикува бројни негативни коментари на социјалните мрежи.
Македонија
СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника
Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на 14 месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност. Потврдените информации дека бебето било одбиено да биде хоспитализирано се крајно загрижувачки. Ова е втор трагичен случај за една недела во здравствените установи, велат од СДСМ.
СДСМ бара подлабока анализа и целосна транспарентност во процесот на утврдување на одговорноста. Јавноста заслужува да знае каде се направени пропустите.
„Во изминатите 7 години, со вистинска грижа и соодветни мерки СДСМ успеа да ја намали неколкукратно смртноста кај новороденчињата. Во 2016 година смртноста била високи 25 отсто, во 2021 е намалена на 8,9 отсто а во 2023 година околу 5%. Бројките постепено опаѓаат низ годините што укажува на унапредување на здравствената заштита на мајките и новороденчињата. Неонаталната смртност СДСМ ја намали за 5 пати, во 2015 година изнесувала 6.8%о а во 2022 година е намалена на само 1,4%о. Во 2015 година во времето на ДПМНЕ перинаталната смртност изнесувала 12.8%о а во 2022 година е намалена на 6.9%о. СДСМ набави морени инкубатори, кои недостасуваа, како и повеќе современи апарати, опрема, микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и инвестираше во развој на соодветен стручен кадар. Оттука, крајно загрижувачки е тоа што се случува сега и надлежните мора да преземат соодветни мерки да не се дозволи зголемување на смртноста на новоредничањата повторно. Здравјето на мајките и новороденчињата мора да биде императив за секој здравствен систем“, посочуваат од СДСМ.