Македонија
Демократскиот сојуз: Македонија една изборна единица
Демократскиот сојуз ја поздравува иницијативата на министерот за правда, Бојан Маричиќ, за промена на изборниот модел за локалните избори и воведување отворени листи, но оценува дека овој чекор не е доволен за демократизација на политичкиот систем и рамноправни услови за изборен натпревар на сите политички субјекти.
Демократскиот сојуз смета дека периодот по завршувањето на изборите и формирањето на владата е вистински момент за промена на изборниот модел и за следните парламентарни избори.
„Поради тоа, предлагаме да се формира работна група составена од пратеници и експерти, која во наредните три месеци ќе ги подготви измените на Изборниот законик. Работната група треба да подготви темелна анализа на изборниот модел и да предложи измени што ќе создадат еднакви шанси за изборен натпревар на сите политички партии“, соопшти Демократскиот сојуз.
Демократскиот сојуз предлага Македонија да го задржи пропорционалниот модел, но да биде една изборна единица, со отворени листи и без изборен праг.
„Со овие промени составот на парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе се демонтира еднопартискиот систем на владеење, кој овозможува менување на власта само на две доминантни политички партии“, додаде партијата.
Демократскиот сојуз ги повикува сите поголеми и помали политички партии застапени во Собранието да застанат зад идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи.
Граѓаните заслужуваат нивната политичка волја да биде почитувана и нивниот глас да биде вистински вреднуван и отсликан во највисокиот законодавен дом, појаснуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

