Македонија
Демократскиот сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/PAVLETRAJANOV2-1.jpg)
Демократскиот сојуз бара Владата на Македонија, на утрешната седница, да отвори расправа за важноста на личните документи, да донесе соодветни одлуки, да ги задолжи министерствата за нивно спроведување и да ги информира граѓаните.
„Прво, личните карти, како документи за внатрешна употреба, можат да се користат до датумот на нивната важност. Тоа значи дека можат да се користат насекаде, пред сите институции, банки, за гласање итн.
Второ, возачките дозволи можат слободно да се користат во внатрешноста на Македонија, додека за во странство нивната важност е поврзана исто како и важноста на патните исправи, односно истите можат да се користат до 12.02.2024, доколку не се продолжи овој рок.
Трето, согласно Договорот од Преспа и Уставните измени, личните документи кои се користот во странство (патни исправи и возачки дозволи), важноста им е до 12 февруари 2024 година, поради што МНР треба да бара Грција да се сложи овој рок да се продолжи до денот на важноста на овие исправи или најкасно до 31.12.2024 година, поради технички причини и немањето кадровски потенцијал да се заменат со променетото име на државата до рокот дефиниран со Преспанскиот договор и Уставните промени“, велат од ДС.
„Со патните исправи државјаните на Македонија кои се во странство слободно можат да патуваат и да се вратат во Македонија.
Во оваа насока, Владата да се согласи Уставниот суд да да ја одложи примената на законските рокови за важноста на возачките дозволи и патните исправи, согласно иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ.
За овие гужви и малтретирање на граѓаните пред шалтерите на МВР мора да се најде решение, но и мора Владата и ресорните министри да понесат одговорност“, се додава во соопштението на ДС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.