Контакт

Македонија

Демократскиот сојуз: Парламентот да одржи вонредна седница поради случувањата со СЈО

Објавено пред

Демократскиот сојуз смета дека актуелните случувања поврзани со специјалното јавно обвинителство налагаат потреба од одржување вонредна седница на парламентот, на која ќе се расправа за работата на СЈО и ќе се донесат законски измени со кои СЈО ќе се вклопи во системот на Јавното обвинителство, ќе се обезбеди двостепеност и контрола над работата на СЈО.

Воедно, треба да се создадат законски можности специјалниот јавен обвинител да го избира Советот на јавните обвинители на предлог на јавниот обвинител на РСМ.
ДС инсистира на сеопфатна и неселективна истрага во која ќе бидат опфатени сите што се вклучени во оваа злосторничка рекет-банда и да понесат одговорност, особено носителите на високи функции во законодавната, извршната и во судската власт.

„Сугерираме целокупниот материјал (информации, податоци, докази, прислушувани материјали и сл.) со кои располага СЈО, надлежното обвинителство и судот да го стават под посебна заштита и да спречат уништување докази. На стручниот кадровски потенцијал во СЈО да му се обезбедат услови да продолжи непречено да работи“, велат од партијата.

Демократскиот сојуз смета дека криминализацијата ја разорува државата и затоа е неопходно да се направи пресврт во борбата против криминалот како клучен предуслов за воспоставување систем на владеење на правото.

Македонија

Заврши реконструкциjата на мостот „Гоце Делчев“

Објавено пред

Екипи на Град Скопје вчера ги завршија градежните активности за „Реконструкција на дилетации на мост Гоце Делчев во двата правци“ и од денеска сообраќајот на мостот се одвива непречено.

Комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена од нивниот почеток на 09.07.2019 година. За време на градежните активности на овој потег беше воспоставен привремен сообраќаен режим.

Со овој тип на реконструкција на дилатационите спојки на мосот, градежен зафат кој не беше изведен на мостот во изминатите 13 години, значително се зголемува безбедноста на мостот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приведени три лица од Скопје кај кои биле пронајдени екстази

Објавено пред

Три лица од Скопје синоќа биле приведени од страна на полицијата поради поседување на дрога.

Како што соопшти МВР, се работи за млади луѓе на возраст од 21, 20 и 28 години кај кои биле пронајдени и одземени екстази.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Викендов казнети 200 возачи за брзо возење низ Скопје

Објавено пред

Во текот викендов превземени се мерки и активности и констатирано е дека 201 возачи управувалe возило со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.

Од сообраќај се исклучени 77 возачи од кои: 33 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 44 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 43 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,четворица возачи поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување,четворица возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четворица возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци. Во текот на изминатите денови издадени се 384 мандатни платни налози.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија38 минути

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“, рече дека не сака да се меша во...

Европа1 час

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет2 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија13 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет14 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет15 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија15 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет15 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт17 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија22 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион22 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет23 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет2 дена

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет2 дена

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион2 дена

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион2 дена

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Досие