Македонија
Демократското движење: Конзистентни на нашите претходни реакции, силно го поддржуваме граѓанскиот протест против злоупотребата на депонијата „Дрисла“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/drisla-1200x545_c-e1515058539409.jpg)
„Демократското движење стои на иста линија со жителите од регионот на Каршијака, особено со жителите на село Батинци, каде што конзистентно со нашите претходни реакции алармиравме за депонијата ‘Дрисла’ преку д-р Реџеп Мемеди, каде што од самото место реагиравме дека оваа депонија претставува јавен проблем, здравствен и амбиентален, ние силно го поддржуваме граѓанскиот протест најавен за денес, 15.9.2023, и ги повикуваме сите граѓани независно на нивната политичка определеност да учествуваат масовно на овој протест“, велат од Демократското движење.
„’Дрисла’ веќе 30 години функционира без да ги исполнува потребните еколошки критериуми, согласно Законот за заштита и унапредување на животната средина и Законот за управување со отпадот, а да не зборуваме за европски современи стандарди.
Едноставно тука имаме примитивна депонија, површина или огромна дупка од 76 хектари, каде во година се фрлат и се покријат околу 200.000 тони комунален, индустриски, медицински и друг вид отпад со висок ризик инфективен и канцероген.
Ова ја прави депонијата „Дрисла“ една вистинска еколошка бомба“, велат од Демократското движење.
„Но, последните слики објавени на социјални мрежи, каде покрај отпадот видовме и абортирани бебиња и разни екстремитети на луѓе кои се влечат од бездомните кучиња, се надминуваат и најстрашните сцени од хорор филмови, кои истовремено можат да бидат и извор на болести.
Ова состојба во континуитет ги става под опасност и тешко им го нарушува здравјето на над 50.000 жители, на село Батинци (која се наоѓа околу 500м далеку), како и на други населени места од регионот на Каршијака, населбата Драчево и пошироко.
Затоа, ги повикуваме надлежните институции веднаш да се справат со ова проблематика!“, се додава во соопштението на Демократското движење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.