Македонија
Деморатски сојуз повика на темелна реформа на судскиот систем
Демократскиот сојуз повика на темелни реформи во судскиот систем.
Од партијата велат дека подолго време инсистирале на темелни реформи на судскиот систем, но дека СДСМ и ДУИ ги кочеле.
„Главна цел на овие партии им е преку целосна партизација да имаат целосна контрола над Судскиот совет и судиите во целина.
Во функција на итни реформи предлагаме: Прво, да се направи ревизија над работата на секој судија и на членовите на Судскиот совет: професионалниот однос спрема работата, коруптивноста, поврзаноста со политичките партии, имотната состојба и други елементи клучни за извршување на функцијата.
Второ, Собранието по сеопфатна расправа да донесе заклучоци членовите на Судскиот совет да поднесат оставка, во спротивно да донесе законски измени со кои на сите членови на Судскиот совет ќе им престане мандатот и спроведе постапка за избор на нови членови врз основа на цврсти критериуми и транспарентна постапка.
Трето, да се направат измени на Уставот со кој ќе се брише амандманот за судијата да не одговара кривично за донесена одлука.
Четврто, да се донесе Предлог -Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, со што ќе се создадат законски услови за обнова на монтираните политички – судски процеси. Преку повторување на постапката ќе се види улогата на секој судија, обвинител, припадник на МВР и моќниците од политичкиот врв. Тоа ќе биде сериозна основа за поширока кадровска обнова. Корумпирани судии и обвинители, како и без интегритет, подложни на влијанија од партиите или други центри на моќ, треба да понесат одговорност“ појаснуваат од партијата.
Од Демократскиот сојуз ја обвинуваат власта од СДСМ и ДУИ дека три години го блокираат предлог-законот за преиспитување на факти и докази во Собранието.
Демократскиот соуз предлага Министерството за правда, во најкус рок, да подготви законски решенија за реформи во правосудниот систем во целина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

