Контакт

Македонија

Денеска е регистриран 21 нов случај на Ковид-19, нема починати лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 11, Скопје и Куманово – по 3, Струга -2, Гостивар и Штип – по 1 лице.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 2, Битола, Тетово и Кичево – по 1 лице.

Според министерството за здравство не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 3.227 тестови преку: ИЈЗ-534, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово–23, ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-252, Биотек-139, Систина-92, лабораторија Лаор-153, Синлаб-21, Ремедика-9, Плодност–32, Генеа–1, Никоб лаб-418, ВФВ Медикал-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.314.

Досега во земјата се направени вкупно 914.381 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68711, Активни 66
Куманово 8887, Активни 12
Прилеп 8328, Активни 3
Тетово 7307, Активни 65
Битола 6310, Активни 5
Велес 5474, Активни 0
Гостивар 5189, Активни 8
Кавадарци 5155, Активни 2
Охрид 5021, Активни 11
Штип 4961, Активни 1
Струмица 4123, Активни 5
Струга 2985, Активни 4
Кочани 2792, Активни 0
Кичево 2600, Активни 12
Гевгелија 2195, Активни 0
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1524, Активни 0
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1161, Активни 0
Берово 1032, Активни 2
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Македонија

РКЕ: Испораката на струја во Кочани се стабилизира, складот на „Макпетрол“ не е зафатен од пожарот

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) соопшти дека во моментот испораката на електрична енергија во регионот на Кочани во најголем дел е стабилна, а во одредени делови од општина Ранковце и општина Кратово напојувањето етапно ќе се нормализира.

Исто така, од РКЕ додаваат дека складот на „Макпетрол“ не е зафатен од огнената стихија и нема нарушување на пазарот со нафтените деривати.

„Од добиените информации во однос на напојувањето со електричната енергија во Кочани, можам да соопштам дека во најголем дел испораката е стабилизирана, а се врши етапно приклучување во делови од општините Ранковце и Кратово, екипите на ‘Електродистрибуцијата’ се на терен. Во однос на складовите со нафтените деривати, каде што е и дел од државните резерви, не се зафатени од пожарот“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Објавено пред

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат сите пожари, па ќе се направи анализа и ако се утврди дека сум потфрлил, сам ќе си поднесам оставка, порача в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција.

Но, како што рече, ако се утврди спротивното, очекува извинуање од тие што го обвинуваат дека не сторил ништо за да ги спречи пожарите во државата.

„Ако се утврди дека сум потфрлил за пожарите, ќе си заминам од државава. Ако се утврди спротивното, ќе побарам извинување од сите новинари што ме нападнаа и мојата мајка мораше да ги слуша сите тие работи. Земете истражете, не пишувајте шпекулации“, рече Ангелов.

Тој нагласи дека се гордее со тоа што вчера во пожарите нема ниту загинати ниту повредени, а дека материјалното се надоместува.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски – Вучиќ: Иднината на регионот не е во градење ѕидови, туку мостови, кои ќе донесат подобар живот за сите

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Белград, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, и пратеникот и лидер на ДПСМ, Иван Стоилковиќ, се сретна со српскиот претседател и лидер на СНС, Александар Вучиќ.

На средбата се разговараше за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка.

Мицкоски посочи дека потребно е регионот, конечно, да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани.

„Иднината на регионот не е во градење ѕидови, туку мостови, кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите“, истакна Мицкоски посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси.

Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.

Вучиќ даде поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата за мини шенген, која не смее да се гледа како алтернатива на Европската Унија, туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија4 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет5 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа5 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија5 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија6 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија15 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија15 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија16 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија17 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија18 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт20 часа

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија23 часа

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ1 ден

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет1 ден

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Свет1 ден

(Видео) Еден починат и 600 уапсени на протестот во Берлин против корона-мерките

Полицијата во Берлин објави дека 49-годишен маж починал откако полицијата го уапсила за време на протестот против мерките во борбата...

Досие