Македонија
Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев
Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“ на состаноците на мешовитата историска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија.
Средбите ќе се одржат онлајн денеска и утре.
Членовите на комисијата претходно се состанаа за да разговараат за содржините во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот периоди и образовни прашања. Како што информираа копретседателите на комисиите по завршувањето на тој состанок, малку било разговарано за Гоце Делчев и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело.
Говорејќи за средбите на комисиите, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, утрово оцени дека засега не е постигнат значителен напредок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведени три лица од Кавадарци и Гостивар кои користеле струја со приклучок на диво
Полицијата ги приведе Р.Д.(20) и Х.В.(35), двајцата од Кавадарци, како и Ж.З.(56) од Гостивар.
Тие се сомничат дека сториле кривично дело „нелегално поврзување во електрична мрежа и кражба на електрична енергија“.
Тројцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: 12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена
„12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена.
Повеќе од две недели пациенти ширум државата трпат последици од неможноста врз нив да биде направен медицински хируршки зафат.
15 дена директорите на Хирургија и министерот Демири не прават ништо да го санираат проблемот на Хирургија.
Раководителите во здравството назначени од СДС и ДУИ како намерно да го доуништуваат здравството во последните денови пред заминување.
Народот страда заради односот на СДС и ДУИ кон здравството.
За сите кои ја предизвикале штетата на Хирургија и за сите кои не правеле ништо да се санира ќе има одговорност“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
Седум лица под истрага за улична продажба на дрога во Скопје
Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Двајца од нив се осомничени за продолжено извршување на кривичното дело, додека еден за помагање. Од декември 2023 година, во координирани активности на повеќе полициски единици, по наредби на јавен обвинител, се преземаа истражни дејствија, кои во текот на вчерашниот ден резултираа со претреси на повеќе локации. Кај осомничените кои се на возраст меѓу 28 и 50 години, беше пронајдена наркотична дрога – кокаин, марихуана, како и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од улична продажба на дрога.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за три лица, како и предлог за мерки на претпазливост за уште тројца од осомничените.