Македонија
Денеска претежно сончево со температури до 27 степени, од среда заладување

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната од 21 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Денес и утре ќе се задржи претежно сончево време со студени утра. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Пообили врнежи се очекуваат в четврток, особено во западните и југозападните делови. В среда и в четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Унгарската претседателка без коментар за азилот на Груевски: Се радувам што се развиваат односите меѓу нашите држави

Унгарската претседателка Каталин Новак се огради од дадениот азил на експремиерот на Македонија, Никола Груевски. Прашана од „Макфакс“ како може Унгарија, земја членка на ЕУ да даде азил на лице кое е на црната листа на САД и ексфункционер кој се гони за криминал и корупција – таа немаше конкретен одговор.
Посочи само дека се радува што Груевски не ги нарушил односите меѓу Македонија и Унгарија.
„ Првиот дел во однос на Груевски би сакала да кажам дека тоа е во надлежност на нашето правосудство и јас за тоа многу се радувам дека во рамките на мојата посета, се уверив во тоа дека нашата меѓусебна соработка на ниво на држава се развива успешно и дека имаме добра основа и понатаму да се гради и развива и дека односите меѓу унгарските и македонските граѓаните се на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања и на никакви криминални односи“, одговори Новак на прашањето од „Макфакс“.
Експремиерот Никола Груевски во 2018 година избега од Македонија во Унгарија каде експресно доби политички азил. Македонија бараше екстрадиција поради судските постапки кои се водат против него, но барањето беше одбиено. Пет години, никој не сноси одговорност за неговото бегство кое се случи непосредно пред да влезе во затвор за случајот „Тенк“ односно набавката на луксузниот „мерцедес“.
Македонија
Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за помош на Турција, порача Петровска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска со изрази за сочувство до Турција и турскиот народ по силниот земјотрес.
„Изразувам длабоко сочувство до турскиот народ и нашите сојузници од Турција, но и подготвеност за помош во овие тешки моменти за нашите пријатели“, пишува Петровска на нејзиниот фејсбук профил.
„Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување на колку може повеќе човечки животи“, додава Петровска.
Нашиот народ, вели таа, знае што значи солидарност и подадена рака во тешки моменти кога ни е најпотребна.
Македонија
Двајца македонски ученици меѓу повредените во земјотресот во Турција

Двајца македонски државјани се повредени во земјотресот во Турција. Според информациите од МНР, се работи за ученици кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција.
„ Министерството за надворешни работи преку своите Амбасадата во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност.
Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, но нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен. По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции.
Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732. “ велат од МНР.