Македонија
Ден на срцето: лицата со кардиоваскуларни заболувања да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19
По повод одбележувањето на 29 септември – Светскиот ден на срцето, Министерството за здравство потсетува на препораките од Светската здравствена организација за заштита од вирусот Ковид-19 имајќи предвид дека лицата со кардиоваскуларни заболувања се една од најчувствителните групи.
СЗО препорачува: практикување физичка активност, здрава исхрана, соодветна хидратација и квалитетен сон, како и одржување на социјалните контакти и редовна комуникација со семејството и пријателите, сега со целосно придржување кон мерките за заштита од коронавирусот.
За лицата со кардиоваскуларни заболувања, посебно значајно е практикувањето физичка активност со умерен интензитет, најмалку 150 минути, и физичка активност со силен интензитет, минимум 75 минути, на неделно ниво или комбинација од двете.
Лицата со кардиоваскуларни заболувања, доколку забележат симптоми, како што се недостиг од воздух, треска или кашлица, веднаш да се јават кај својот матичен лекар или во болница и притоа да нагласат дека спаѓаат во ризична група.
За да се избегне можноста за инфекција на најчувствителните групи, меѓу кои се и лицата со кардиоваскуларни заболувања, потребно е да продолжат да ја земаат препишаната терапија, да ги почитуваат препораките на лекарите и да обезбедат резерви од терапијата за најмалку еден месец, одржување дистанца со тие со кои стапуваат во контакт и да останат дома доколку се во можност.
Воедно, Министерството за здравство потсетува на општите препораки за заштита од ширење на коронавирусот, како што се одржување дистанца од најмалку еден метар, често миење на рацете со сапун и вода, најмалку 20 секунди, особено по кашлање, кивање и секнење на носот, како и употреба на средство за дезинфекција на рацете, што содржи најмалку 60 % алкохол. Избегнувајте да ги допирате устата, носот и очите, избегнувајте метеж и слабо проветрени простории и избегнувајте ги сите непотребни патувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

