Македонија
Дефект во трафостаница на МЕПСО предизвика прекин на струјата во половина Скопје

Неколку скопски населби денес околу пладне останаа без струја. Од ЕВН објаснуваат дека дефектот е во трафостаница на МЕПСО, од каде што добиле струја со висок напон, поради што снабдувањето автоматски било прекинато за да не се случи оштетување на мрежата. Снема струја во делови од Центар, Капиштец, Тафталиџе, Козле и од Ѓорче Петров.
„Од МЕПСО добивме струја со повисок напон и се вклучи заштитата поради што беше блокирано снабдувањето со струја. Технички не е можно во мрежата на ЕВН да се извшри прием на струја со повисок напон. Во нашата мрежа нема дефект, но струја нема оти чекаме да се стабилизира напонот на струјата што ја добиваме од МЕПСО“, објасни Ленче Карпузовска, менаџер на одделот за маркетинг и комуникации во ЕВН.
Одредени делови, во кои снема струја, веќе се приклучени на системот. Од ЕВН уверуваат дека како ќе паѓа напонот на струјата што ја добиваат од МЕПСО, така корисниците повторно се поврзуваат. Во некои населби прекинот траел 15 минути, а други сè уште чекаат да им дојде струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ристова: Итна реформа денес за подобро утре

За најавената реформа во основното образование, професорката Мимоза Ристова од Природно-математичкиот факултет во Скопје вели дека е промена што се чека 30 години. По денешната средба на професорите од сите универзитети во државата со претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование, Ристова изјави дека од првиот лош резултат постигнат на ТИМСС-тестовите, по независноста, резултатите постојано се влошуваа.
„По 30 години, некој се најде да го подобри системот. Имаме системска грешка која се провлекува кај неколку влади досега, а точно е детектирана грешката. Оваа Влада се нафати да ја исправи грешката. Мислам дека реформата мора да оди бргу и да го поткренеме системот на подобро“, рече професорката Ристова.
Децата образовани според новата концепција нема да бидат националисти, нема да бидат политички оптоварени, ќе бидат интегрирани во општеството и ќе бидат сензитивни кон средината и кон опкружувањето, посочи професорката.
„Новиот човек може да се направи само со поинтензивно образование, со дигитално образование, затоа што денешното дете не е исто како ние кога бевме деца. Концептот овозможува добра реализација и ние од високото образование будно ќе следиме како се спроведува и ќе интервенираме секогаш кога ќе има отклонување од иницијалниот пат“, рече професорката Ристова.
Македонија
(Видео) Заев: Празникот Свети Сава е потврда за нашите заложби за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување

Претседателот на Владата, Зоран Заев, вечерва со видеообраќање на свечената академија, што се одржа онлајн по повод 27 Јануари, Свети Сава, ѝ го честита националниот празник на српската заедница во нашата земја.
„Славењето на овој голем празник, кој е од особено значење за српската заедница, е потврда и за нашите заложби за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување, кое го негуваме во Северна Македонија. Нашето општество е мозаик од вредности, мозаик од различности. Токму различностите се богатство и водилка кон развојот и напредокот на нашата држава, која успешно покажува дека може да се гради како едно општество за сите.
Преку одбележувањето и славењето на празниците на нашите заедници ја одржуваме традицијата на почитување на различните културни особености и заеднички се стремиме кон градењето посветла и просперитетна иднина за сите граѓани.
Свети Сава е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони на српската држава. Свети Сава е молитвен застапник на сите што преку него побарале помош, а со своето бесмртно дело и понатаму им е посредник на сите во неволја.
Тој е духовник на кој се угледуваат припадниците на српскиот народ кога во својата духовна зрелост го креираат својот личен карактер, а со тоа и карактерот на својата заедница.
Во тој дух ја гледаме и постапката на искрено подадената рака на пријателство и солидарност на Република Србија со отстапените вакцини како прва помош за нашите граѓани додека во земјата не стигнат договорените количини. Ја користам оваа пригода уште еднаш да кажам благодарам што го помагате нашето јавно здравје.
Уште еднаш најсрдечно упатувам честитки по повод националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и нека бидат вечни името и славата на свети Сава, под чие духовно покровителство се одбележува денешниот ден“, порача Заев.
Македонија
Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија позитивни на коронавирус

Над дваесет здравствени работници од Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство. Како што се наведува, од вкупно 25 лекари, 9 се позитивни, а вирусот е потврден и кај осум медициснки сестри, двајца болничари, еден лаборант, како и кај психологот што работи со пациентите. Позитивна е и директортката на клиниката.
Заболените здравствени работници се со полесни симптоми. Засега не е познато како вирусот се проширил на клиниката. Епидемиолозите ќе треба да утврдат дали е пренесен од пациент или, пак, од вработените.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот