Македонија
Димитриевски: Комплетирана листата за кандидати за советници
Независниот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска ја објави листата на
кандидати за советници, со која заеднички ќе настапат на претстојните локални избори кои треба да се одржат на 17 октомври под иницијативата „За наше Куманово“.
Димитриевски потенцира дека кандидатите за советници се од различен профил, професионални и стручни во својата област.
„ Вредни и одговорни. Доволно мотивирани за заеднички да направиме напредок за нашиот град. Уверен сум дека граѓаните ќе ни ја дадат
довербата затоа што работиме домаќински и чесно, исклучиво во нивен интерес. Почитувани граѓани, Ви благодарам за досегашната поддршка и Ви ветувам – по победата ќе продолжиме заеднички да го градиме Куманово во европски, модерен и чист град на сите Кумановчани!“, порачува
Димитриевски.
Листата за кандидатати за советници на иницијатива За наше Куманово:
– Кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, воедно и актуелен
градоначалник
– Листа на кандидати за советници на Општина Куманово:
1) Носител на листа: Ивана Ѓорѓиевска – Филолог по општа и компаративна
книжевност и македонски јазик
2) Дарко Митевски – Доктор по ветеринарна медицина
3) Јадранка Стаменковска – Доктор специјалист епидемиолог
4) Николај Павловски – Студент по меѓународни односи при НИУ “ВШЕ” во
Москва, РФ
5) Лидија Костиќ – Диоломиран професор по одделенска настава
6) Бетим Хајдари – ССС – Медицински техничар
7) Мирјана Прокиќ Младеновиќ – Доктор по општа медицина
8) Зоран Јовановски – Пензионер – Дипломиран инжинер – Поранешен
началник на униформирана полиција при СВР Куманово
9) Дарко Петковски – Дипломиран професор-тренер на Факултет за физичка
култура
10) Борис Станковски – Апсолвент на Факултет за безбедносни науки –
Пожарникар
11) Реџеп Реџеповски – Пензионер – Олимпиец, сребрен медал во бокс и
заслужен спортист
12) Гордица Бошковска – Пензионер – Дипломиран правник
13) Филип Колевски – Дипломиран професор по физичка култура
14) Бојана Младеновска – Дипломиран Логопед
15) Марјан Стошевски – ССС (Геодетски техничар)
16) Мирослав Стајевски – ССС
17) Александра Марковска – Дипломиран Економист
18) Ладислава Крстиќ Милосављевиќ – Доктор специјалист по Интерна
медицина
19) Афрдита Авдили – Дипломиран правник
20) Далибор Зафировски – ССС – Хемиско технолошки техничар
21) Стефан Петковски – Дипломирал на факултет за Детективи и безбедност
22) Јелена Мишиќ – Дипломиран економист, финансиски менаџмент
23) Зоран Јаневски – Дипломиран економист
24) Мирољуб Пауновиќ – Дипломиран професор по физичко и здравствено
образование
25) Тања Тодоровска – Дипломиран музичар, теоретичар, педагог, изведувач
на народни инструменти
26) Владимир Павловски – Дипломиран Економист
27) Александар Јовановиќ – Дипломирал на факултет за физичка култура
28) Цветанка Ивановска – Магистер по менаџмент на еколошки ресурси
29) Христина Алексовска – Дипломиран професор по македонска книжевност
со Македонски јазик
30) Дејан Стојановски – Дипломиран професор во предучилишно воспитување
31) Драган Јаневски – Дипломиран електро инжинер
32) Мила Жибак Димковска – Доктор на економски науки
33) Даниел Стојчевски – Магистар по правни науки
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

