Македонија
Димитров: ВМРО-ДПМНЕ ја нападнаа државата за да избегнат одговорност
„Знаете ли која беше дилемата пред 1 јуни 2017 година, 33 дена пред преземањето на оваа планина од одговорност? Дали ќе преживее Зоран Заев, дали ќе преживее Зијадин Села и други народни пратеници во Собранието. Пустош наследивме. Тоа беше обид за државен удар.“ – потсети Никола Димитров, кандидатот за пратеник од СДСМ и носител на листа во изборната единица 1 од коалицијата „Можеме“, вчера вечер на трибината во Скопје.
Тој порача дека срамота е луѓето од опозицијата кои беа спремни да ја нападнат својата држава, за да бегаат од одговорност да зборуваат денес за правда. Зашто токму тие 18 месеци преговараа за Законот за јавно обвинителство, за да ја избегнат правдата и покрај барањата на ЕУ тој закон а биде донесен.
„Немаше слобода, немаше демократија. Препораката на Европската комисија, во 2016 год. ја изгубија. Перспективи нула. Заглавени во слепа улица. Со пријатели помалку од една рака. Не се ни шепкаше за нас во ходниците на НАТО. Безнадежен случај во Брисел, во европските институции. И играње на меѓуетнички тензии. Да не заборавиме што беше контекстот за нападот во Собранието.“ – истакна Димитров во ретроспективата за режимот кој не нуди ништо поразлично од ова, наспроти понудата на СДСМ, која единствено може да донесе прогрес:
„Ние денес – дел чувме, дел ќе слушнеме – имаме многу продуктивна дилема и дебата, дали докторите да имаат 1.500 евра плата или 2.000 евра плата. Дали ќе дадеме на 60.000 фамилии бесплатни еко-инвертори за да се бориме за чист воздух или на малку помалку, или на малку повеќе. Ние во програмата викаме на 60.000 домаќинства. ЕУ заедно со нашата програма е најдобриот компас и пат и за економијата, и за животната средина и за инфраструктура.“ – истакна Димитров уверувајќи дека со ВМРО-ДПМНЕ не постојат ни теоретски шанси за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ.
„И сите вие што не сте задоволни од нашево туркање напред, турнете не’ сега во среда. За да немаме тегови на нозете! За да трчаме напред!“ – Димитров ги повика сите граѓани за заокружување на бројот 3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

