Контакт

Македонија

Димитров: Навистина е тешко да се разбере дали ЕУ е сериозна во однос на нас

Објавено пред

Вицепремиерот Никола Димитров во интервју за австриски „Дер Стандард“ вели дека македонската Влада ќе се обиде да ги спречи очајот и национализмот по бугарското вето и, како што додава, ќе се сврти кон пријателските држави од ЕУ.

„Ако нашиот процес на пристапување се сведе толку многу на билатерален проблем, што дискусиите за историјата ќе станат поважни од борбата против корупцијата, независноста на судството, функционирањето на демократските институции, слободата на медиумите, околината и енергијата, тогаш тоа не е процес што европеизира, туку процес што балканизира. Затоа нам ни е потребна реформска агенда со мрежа на пријатели што се тука да ни помогнат и мораме да си поставиме јасни цели и да работиме на нив“, вели Димитров.

Тој потсети дека нашата држава беше првата во регионот што потпиша Спогодба за стабилизација и асоцијација со ЕУ, како и дека имавме статус кандидат 15 години.

„Најпрвин бевме блокирани од Грција, но го решивме овој проблем. Потоа Франција иницира нова методологија за проширување и сега постои нов проблем со Бугарија. Навистина е тешко да се разбере дали ЕУ е сериозна во однос на нас. Во март оваа година сè уште имаше зелено светло од Советот на ЕУ – Бугарија беше дел од овој консензус. Потоа, во октомври добивме многу позитивен извештај од Европската комисија. А што се однесува до политичките критериуми, прилично сме напреднати, дури и во споредба со оние земји што преговараат веќе неколку години“, додава тој.

Димитров нагласи дека ќе продолжат разговорите со Софија, но дека нема да преговараат за тоа кои сме и кој јазик го говориме.

„Тоа е дел од еден историски процес, а не политичка одлука. Ние му ја должиме на нашиот народ заштитата на своето достоинство и идентитет. А ако Софија не се повлече, ќе мораме да најдеме нови начини на кои ќе ја европеизираме нашата земја“, порача Димитров.

Македонија

МОН апелира електронски да се аплицира за студентски стипендии

Објавено пред

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е аплицирањето за стекнување на правото на студентска стипендија во академската 2020/2021 година, кое трае заклучно со 30 ноември. Потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови, апликациите можат да ги достават електронски преку интернет платформата www.konkursi.mon.gov.mk или пак, хартиено преку архивата на МОН.

Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во државата, во интерес на заштита на личното здравје, а со тоа и заштита на јавното здравје, Министерството за образование и наука упатува апел до студентите, доколку се во можност да го искористат електронскиот начин на поднесување на апликацијата, кој е поедноставен и побезбеден, или пак, документите да ги доставуваат по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса – бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.

Апелот се однесува и на учениците кои го оствариле правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година, а кои имаат обврска заклучно со 4.12.2020 година до МОН да достават пополнет договор во три примероци (достапен на следниот линк) и копија од лична трансакциска сметка, да одбегнуваат физичка посета на МОН, односно документите исто така да ги доставуваат по пошта.

За дополнителни информации и поддршка за учениците и студентите, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, а официјалната електронска адреса на министерството е [email protected].

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Фон дер Лајн: Заев ја доближи Северна Македонија поблиску кон ЕУ

Објавено пред

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео честитки се приклучија бројни високи претставници на ЕУ и политичари.

Во своето обраќање, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајн, вели дека Зоран Заев ја доближил Република Северна Македонија поблиску кон ЕУ, таму каде што и припаѓа.

„Големите лидери се оние кои очите ги насочуваат кон иднината, а не кон минатото и со тоа го менуваат курсот на историјата. Зоран, ти напиша историја, ја донесе Северна Македонија поблиску до онаму каде што припаѓа – внатре во Европската Унија“, порача фон дер Лајн.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, порача дека преку одговорно и државничко однесување, Заев успеал да најде решенија, онаму каде што сите гледале конфронтации.

„Кога мислам на Зоран Заев се потсетувам на изјавата на Нелсон Мандела која гласи: Секогаш изгледа невозможно, се додека на се случи. Зоран од невозможното направи реалност. Со храбро и одговорно лидерство, со добри намери, ставајќи ја својата држава пред себе и својата политичка кариера, наоѓајќи конструктивни решенија, онаму каде што другите гледаа само конфронтации“, посочи Лајчак.

Поранешниот премиер на Грција, а денес пратеник во грчкиот Парламент, Алексис Ципрас, порача дека достигнувањата на Заев ја сменија судбината на целиот Западен Балкан.

„Зоран Заев покажа храброст и прогресивно лидерство, што ја смени судбината на неговата земја, судбината на Западен Балкан“, вели Ципрас.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Мој Термин функционира, нема одложување на хроничните интервенции

Објавено пред

Системот Мој Термин, освен во некои клиники каде што е редуциран, насекаде работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во однос на матичните лекари, нешто за што во последниот период имаше многу прашања во однос на начин на третман на пациентите. Функционира истиот систем којшто функционира со години наназад, а тоа е дека прва инстанца на којашто се јавуваат е матичниот лекар којшто прави проценка на здравствената состојба. Индицира одредени анализи и врз основа на состојбата препишува терапија. До овој момент нема терапија специфична за ковид-19 вирусот никаде во светот. Нема ниту еден лек којшто е потврден да биде специфичен којшто е за оваа болест,“ кажа министерот.

Тој кажа дека денеска почнува постапката за набавка на брзи тестови, а во меѓувреме 20 илјади тестови стигнале како донација, 13 илјади се веќе поделени и се користат во повеќе здравствени установи во нашата земја.

Филипче вели дека координацијата помеѓу директорите на клиниките во Скопје и внатрешноста оди добро.

„Се случува некој пациент да оди ненајавен и да се создаде нетрпение кај семејството, меѓутоа тоа се менаџира на дневна основа. Притисокот врз болниците е голем, иако бројот на слободни кревети веќе не се намалува како што се намалуваше во изминатите претходни три недели, што значи дека е нешто намален бројот на пациенти на коишто им е потребна хоспитализација. Има слободни болнички кревети во практично сите болници. Од анализите на бројките и трендовите, може да се забележи дека епидемијата го достигна пикот пред една недела и од тогаш бројките се стабилизирани, се во ниво на едно плато и тоа ни укажува дека Р0 факторот на преносливост е практично 1. Позитивно е што бројот на активни случаи полека се стабилизира, што исто така се регистрира и во Европа“, истакна Филипче.

Тој упати апел до граѓаните дека мора да разберат дека во оваа состојба вирусот ќе опстане и е практично широко распространет.

„За секој еден од нас е ризик. Мерките мора да се почитуваат. Очигледно е дека даваат резултати. Го немаме веќе оној нагол пораст на број на пациенти, ниту огромниот притисок како што беше пред неколку недели кон болниците. Се уште постои, но не со таков интензитет. Позитивни се вестите кои доаѓаат во однос на вакцините. Веќе има вакцини кои се во завршните фази. Очекуваме преку КОВАКС системот, тој систем кој ќе профункционира тогаш кога ќе почнат да ги даваат вакцините и кон алијансата ГАВЕ, СЗО, УНИЦЕФ. Во координација сме во однос на системот на чување и дистрибуирање. Сепак, тоа е една одлична вест што следната година верувам дека ќе ја смени целокупната слика за пандемијата во светот. Во таа насока, ќе може да очекуваме и стабилизација“, потенцираше Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

(Видео) Филипче: Мој Термин функционира, нема одложување на хроничните интервенции

Системот Мој Термин, освен во некои клиники каде што е редуциран, насекаде работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции, изјави...

Економија1 час

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г...

Регион2 часа

Словенечки педијатри: Некои деца заразени со Ковид-19 имаат потешка клиничка слика

Иако децата главно ја поминуваат инфекцијата со коронавирус без или со благи симптоми, тие поради силната имунолошка реакција може да...

Македонија3 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет3 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет4 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет4 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет5 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт5 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет5 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет5 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија17 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија18 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија19 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа19 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион21 час

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија21 час

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија23 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија24 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Досие