Македонија
Димитров: Ширењето на соработката, помошта и информациите треба да биде побрзо од ширењето на пандемијата
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес ја претставуваше Република Северна Македонија за првпат како полноправна членка на НАТО, на состанокот на Северно-атлантскиот совет во формат на министри за надворешни работи. Состанокот, поради рестрикциите со пандемијата Ковид-19, се одржа преку видеоконференција.
Тој изрази благодарност до земјите членки за финализирањето на процесот на пристапување, овозможувајќи и’ на нашата земја по дведецениски подготовки, минатата недела и официјално да стане 30-та членка на алијансата.
Димитров го истакна значењето на членството на земјава во НАТО како заеднички успех во заложбите за регионалната и европската стабилност и заедничкото справување со глобалните предизвици.
„Ова не е само наш успех. Ова е успех и за сите наши партнери во евро-атлантската заедница чии вредности се демократијата, човековите права и владеењето на правото низ единство и солидарност. Ширењето на соработката, помошта и информациите треба да биде побрзо од ширењето на пандемијата“, порача Димитров.
Осврнувајќи се на главната тема на состанокот – пандемијата на вирусот Ковид-19, министерот Димитров ги истакна мерките на Владата за справување со овој глобален предизвик, при што ја подвлече потребата од придонес на алијансата по ова прашање во засегнатите земји членки. Потенцирајќи го принципот на солидарност врз кој се темели НАТО, заедничка беше констатацијата на министрите за потребата од преземање на итна и координирана акција за справување со кризата и ублажување на нејзините последици.
На состанокот беа разгледани и прашања во врска со Авганистан, пошироката област на Блискиот Исток и Северна Африка, како и за состојбите во Сирија. Притоа, министерот Димитров ја реафирмираше подготвеноста на нашата земја за натамошен придонес во приоритетните активности на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

