Македонија
Димовски: Што ќе стави Џафери на гласање кога Комисијата нема став за имунитетот на Вељаноски

Досега секогаш Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и останатите комисии донесувале одлуки кои биле доставени до Собранието на РМ. Овој пат се вели дека Комисијата не зазема став по барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски. Што ќе стави сега Џафери на гласање. Оваа седница е неразумна и неприфатлива. Кога нема предлог заклучок или одлука од Комисијата нема точка на дневен ред. Ова Собрание дејствува и работи по точки од работни тела, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Тој истакна дека доколку Џафери се држи до воспоставената пракса, ситуацијата би била крајно иронична.
„Доколку Џафери се држи до деловникот и до воспоставената правна пракса треба да ја донесе ситуацијата до иронија и да каже “го ставам на гласање фактот дека комисијата не зазема став по барање за одобрување притвор”. Ако се гласа за не знам што значи исто не би знаел што ќе значи и гласот против“, вели Димовски.
Тој вели дека со оваа одлука да биде свикана седница по ова прашање се отвора нова пракса во Собранието што во иднина ќе биде злоупотребувана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре ќе се вакцинираат пратениците

Министерството за здравство соопшти дека утре во „А1 арената СЦ Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид-имунизација.
Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи, односно од 10 до 18 часот. На 14 овој месец беа вакцинирани собраниските служби.
„Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, во согласност со Националната стратегија, таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, информираат од Министерството за здравство.
Во „А1 арената СЦ Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови во државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела, со доаѓањето нови дози вакцини, ќе има измена на приоретизацијата и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација.
Министерството за здравство апелира до граѓаните што сакаат да се вакцинираат да се пријават на vakcinacija.mk
Македонија
Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со директорите на ковид-центрите.
„Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, кои повеќе денови по ред се намалуваат. Спласнува притисокот врз болниците иако не се целосно ослободени голем број одделенија бидејќи карактеристично за овој бран е влошувањата кај пациентите да настапуваат малку подоцна, па оттука циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели подоцна“, истакна министерот.
Тој апелира на максимална внимателност и во периодот што претстои.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје беа хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно во главниот град се лекуваат 661 пациент, соопшти Министерството за здравство. Во целата држава се лекуваат 1.585 пациенти и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Македонија
Ангелов во посета на јужната граница: „Се надевам нема да има поголем бегалски бран“

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со преставници од француската амбасада, оствари работна посета на Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ на јужната граница, а и на Регионалниот центар за упраување со кризи РЦУК Гевгелија.
Тоа е во корелација со активностите и за непосредно запознавање со реалната состојба и ситуација во согласност и со одлуката на Владата за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата, и тоа на подрачјата на јужната и северната граница, и акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на државата.
„Се надевам дека нема да дојде до бегалски бран каков што некои најавуваат и покрај тоа што постои некое олабавување на мигрантите и ковид-мерките, што ќе придонесе за раздвижување и проток на луѓе преку границите“, рече Ангелов.
Тој истакна дека некои држави ги користат мигрантите за со нив да вршат и политички притисоци, но кај нас се земаат предвид сите тие факти при носењето на одлуките.
Ангелов ја посети и граничната позната локација Камен 59, а потоа оствари средба и со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.
Потоа беше остварена и работна средба во РЦУК Неготино.
На почетокот на месецот, прво, по заседавањето на групата за процена под раководство на Ангелов, а по седницата на Управувачкиот комитет, па потоа по разгледувањето на заклучоците од тие седници на Главниот штаб при ЦУК, од тие две владини тела е донесена одлуката на Владата на Република Северна Македонија за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата, и тоа на подрачјата на јужната и северната граница. Тоа, како што е децидно наведено во одлуката, е поради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање мигранти на територијата на нашата држава и поради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење пандемија прогласена од Светската здравствена организација на вирусот SARS-CoV-2 и спречување негово ширење, со што се загрозуваат безбедноста, здравјето и имотот на населението и тие беа преточени во заклучоци за идни активности. На седницата се утврдија оперативно стручни заклучоци, при што беше донесен акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите на територијата на Република Северна Македонија.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?