Контакт

Македонија

Директорот на Зоолошката до дијаспората: „Никад да не се вратите“

Објавено пред

Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, на својот профил на „Фејсбук“ се осврна на синоќешното гласање на Евровизија, упатувајќи навреда кон иселениците кои не ја поддржале со гласови македонската претставничка Тамара Тодевска.

„Што да очекуваш од луѓе што продале се и избегале од родна земја? Каква срамота…ццц. Фиром не им сметало, за северна не гласале за Тамара. А бе одземи им и пасоши и право на глас. Гнаси. Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди. Никад да не се вратите“, напиша Галетановски на „Фејсбук“.

Тамара Тодевска на Евровија го освои осмото место.

Македонија

Без вода корисниците од населбата 11 Октомври

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник ф-80мм на улицата Лазар Димитров, утре прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населбата 11 Октомври во време од 9 часот до завршување со активностите.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пендаровски се сретна со претставници на Советот на странските инвеститори

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со претставници на Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Тој порача дека апсолутен приоритет за државата треба да биде економијата и дека во текот на неговиот мандат како Претседател ќе говори што е можно повеќе за економски прашања.

Претседателот Пендаровски рече очекува кон средината на следниот месец да добиеме датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија потенцирајќи дека без луѓе од еснафските здруженија не треба да се оди на преговори во Брисел.

Набргу, посочи Пендаровски, стануваме членка на НАТО, а тоа значи зголемување на довербата кај инвеститорите затоа што на нас како држава ќе гледаат како предвидлива дестинација за вложување. Според него, важно е да имаме правна држава и владеење на правото.

Во врска со актуелниот случај „Рекет“, претседателот Пендаровски посочи дека и оваа афера, како и сите други, треба да се решат до крај, без какви било влијанија на политиката и бизнисот.

„Многу е битно правосудниот, судскиот и обвинителскиот систем да имаат соодветна, навремена и целосна реакција и тие предмети да не се влечкаат со години и години по судските коридори за на крајот да заборавиме во која фаза се воопшто. А да не кажам дека во изминатите безмалку 30 години откако сме независна држава, немаме ниту еден висок политички функционер кој завршил во затвор за злоупотреби. Тоа не зборува добро за нас, меѓутоа се надевам дека сега тоа што е почнато, ќе продолжи со тоа темпо и во таа насока ќе се заврши до крајот. И низ таа призма ќе нè ценат нашите пријатели во Брисел кога ќе проценуваат не само дали треба да почнеме преговори, зборувам и за делот потоа, кога ќе проценуваат дали ги исполнуваме сите барања од најтешкото поглавје во кое се преговара во однос на ЕУ, а тоа е Поглавјето 23“, рече претседателот Пендаровски.

На средбата со Советот на странските инвеститори претседателот Пендаровски рече дека при секоја посета надвор од државата барањата на стопанствениците ќе бидат соодветно претставени.

Побара од стопанствениците да бидат вклучени во секоја фаза од носењето законски решенија од економската сфера со цел да бидат донесени квалитетни закони.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манолев: По 48 години, реконструирана е главната кујна во градинката „Орце Николов“ во Карпош 3

Објавено пред

По 48 години, се реконструира главната кујна во детската градинката „Орце Николов“ во Карпош 3. Целосно се променија елементите во кујната, плочките, водоводната мрежа, а се постави и ново осветление, изјави Андреј Манолев, претседавач на Советот на Општина Карпош.

„Во оваа градинка во дневниот оброк се воведе и здраво нутритивно мени. Во кујната на оваа јавна установа се подготвува храна и за две приватни градинки. Речиси 600 деца добиваат топол и здрав оброк. Нашите деца се хранат по највисоки европски стандарди, а храната се подготвува во подобри услови.

Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев инвестираат во детската заштита. Овие денови се менува и азбестниот покрив на градинката „Мајски цвет“, објектот на улицата Римска, во Урбаната заедница „Владо Тасевски“.

На овој начин го заштитуваме здравјето на најмладите, да добиваат грижа и знаење во подобри услови и здрава животната средина. Како локална самоуправа продолжуваме интензивно да работиме на полето на детската и социјалната заштита“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија2 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија2 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија3 часа

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија3 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија5 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет6 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет7 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет7 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија7 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија8 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет19 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет20 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија21 час

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија1 ден

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Досие