Македонија
Дијабетичарите бараат непречено функционирање на центрите за дијабетес во услови на Ковид-19

Сојузот на здруженијата на дијабетичарите бара непречено функционирање на центрите за дијабетес во услови на Ковид-19.
Од таму укажуваат дека пациентите со дијабетес имаат потреба од редовни прегледи и контроли.
„Во согласност со моментната состојба предизвикана од Ковид-19, свесни сме дека одреден број пациенти не се во состојба за преглед со физичко присуство и за таа група пациенти ја поздравуваме можноста за издавање електронски рецепт, како што впрочем се одвива непречено процесот тековно. На ваков начин се обезбедува континуитет во достапноста на потребната терапија, што е мандаторно за нашата добра здравствена состојба. Но, да не заборавиме дека меѓу нас има и пациенти што се со влошени резултати и кои имаат потреба од редовни посети во центрите за дијабетес.
Знаејќи го ова, како национална пациентска организација укажуваме дека имаме потреба од непречено функционирање на сите центри за дијабетес. Она што е за нас прифатливо минимум, за квалитетна дијабетолошка грижа, во оние градови во кои имаме неповолна епидемиолошка слика на Ковид-19 е центрите за дијабетес да функционираат нормано (тим интернист/сестра) минимум три од пет работни дена со термини за редовни прегледи. Во сите други денови од работната недела имаме потреба дијабетолошките сестри да бидат на своето работно место во центрите за дијабетес.
Во оние градови каде што не постои влошување на ситуацијата од Ковид-19, очекуваме центрите за диајбетес да функционираат непречено во текот на целата работна недела“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.