Контакт

Македонија

Договорот од Преспа – болна тема во Грција

Објавено пред

„Охи“. Ова е најчесто одговорот на Грците во Солун доколку се праша дали нивните соседи во иднина ќе почнат да ги нарекуваат „Северна Македонија“, ако целосно се реализира договорот од Преспа.

dobivaj vesti na viber

„Скопје и ФИРОМ“. Тоа сепак е најчестиот избор со кој граѓаните во Грција велат дека би ги именувале граѓаните во Македонија, барем ако може да се извлече заклучок од анкетите и разговорите со обичните луѓе во Солун. На улица во обид да се направи анкета за расположението на граѓаните во овој дел на Грција, тешко се доаѓа до алтернативни одговори. Повеќето како „од пушка“ велат дека не се многу радосни со постигнатиот договор од Преспа. Употребата на зборот „македонски“, „Македонци“, но и зборот „Македонија“ во името на земјата е нешто што за многумина е сè уште неприфатливо, барем во овој дел на Грција.

„Може да се нарекуваат со некое друго име, не знам зошто го избрале токму Македонија, се знае дека Македонија е грчка“, вели една млада девојка која ја сретнавме на плоштадот Аристотелос во Солун.

Според последното испитување на јавното мислење спроведено во Грција, дури 65% од граѓаните се изјасниле дека се против договорот од Преспа, 17 % се за договорот, додека 5% кажале дека тој не ги засега никако.

Споменувањето на договорот од Преспа како тема за дискусија речиси неизбежно предизвикува бурни реакции, најчесто емотивни кај многу Грци. Сепак, ако се има шанса за подлабок разговор на темата и во пријателска атмосфера, на дел од луѓето знае и да им се спушти и по некое „Македонија“ или Македонци за нивните соседи.

Во голема мера, во грчкиот регион „Македонија“ сè се врти околу Александар Македонски и антиката. При споменувањето на договорот од Преспа во дискусиите со некој од Грција речиси невозможно е инстантно да не се спомене оваа историска личност и античкото наследство, дел од историјата кој е многу значаен за граѓаните на оваа земја.

„Нема да имам проблем да се нарекувате Македонци и Македонија, единствено ако се изјасните дека во таков случај и вие имате грчко потекло. Бидејќи Македонците биле дел од хеленската култура, Александар Велики бил Грк, зошто го негирате тоа“, вели во неформален разговор еден грчки интелектуалец.

Тој сепак признава дека понекогаш грчкото општество е преоптоварено со историјата, толку многу што се игнорираат делови од сегашноста.

„Имаме ние еден проблем, можеби и не толку поврзан со вас, толку сме концетрирани на нашето славно минато, на историјата каде големи работи биле направени од нашите претци, што тешко се фокусираме на денешната реалност во Грција и на што е она што ние како генерација сега ќе успееме да го направиме“, додава тој.

Има балансирани размислувања, но се потивки

Во Солун постојат и гласови кои сметаат дека проблемите меѓу Грција и Македонија треба што побрзо да се надминат, но и такви кои никогаш немале проблем со името на земјата. Сепак, овие гласови засега изгледа дека се потивки, особено во  медиумскиот мејнстрим-простор во таа земја.

„Договорот од Преспа не е совршен договор бидејќи сепак е наметнат од САД, НАТО и ЕУ и многу луѓе на Балканот не се баш најсреќни кога треба да го следат авторитетот на овие институции. Со оглед на ова и со оглед на повлекувањата и компромисите од двете страни, се работи за есенцијален договор меѓу две соседни земји, кои сакаат и мораат да го остават во минатотото националистичкиот дискурс во нивните официјални релации“, вели Ник Сикас, студент од Солун за „Макфакс“.

Во однос на тоа дали овој договор ќе реши многу прашања и во реалноста меѓу двете земји, Сикас не мисли дека постојат премногу отворени прашања, но, сепак, национализмот е тој од каде што извираат проблеми.

„Освен јавниот националистички дискурс (вклучувајќи го десниот, екстремно десниот, нео-наци поддржувачите и политичарите кои го адаптираат нивниот дискурс според идеологијата и мислењата на поддржувачите), нема посериозни прашања кои се однесуваат на дневна интеракција меѓу луѓето. Во бизнисот и економски гледано, Грците отсекогаш ги користеле бизнис-можностите во Република Македонија. Подлабоките проблеми кои доаѓаа од националистичкиот дискурс нема да бидат решени од овој договор, па дури може и да ги направи порадикални и погласни“, смета тој.

Смета дека за да се направи овој договор „реалност“ е многу тешко, особено за Македонците, кои веќе го имаат името „Република Македонија“, а сега треба да се преименуваат во „Северна Македонија“. „Разбирам зошто не би им се допаднал овој договор“, додава тој.

За тоа колку луѓето во Грција во иднина ќе почнат да ги нарекуваат нивните соседи Македонци, Сикас вели дека дел од нив го правеле тоа и пред договорот, иако за многумина ваквото нешто е тешко.

„Во голема мера тоа е поврзано и со начинот на кој сме израснале. Има доста луѓе во централна Македонија, во селата и градовите околу Солун кои го говорат нивниот мајчин јазик – македонски и се Грци. За време на балканските војни и до Втората светска војна грчката држава активно го наметна грчкиот идентитет на Македонија, Тракија и Епир, каде граѓаните кои говореа грчки беа малцинство. Затоа негрчките јазици (турскиот и ‘словенскиот’) беа забранети за користење. Оттогаш наваму Грците се растени во заборав за етничките и јазичните малцинства кои живееле на оваа територија пред грчката држава. Доколку работите бргу не се променат во нашата генерална култура и образование, тогаш мнозинството Грци секогаш ќе имаат проблем со нарекување на некој друг Македонец освен себе. Се надевам дека еден ден ќе разбереме сите колку е глупаво да се расправаме меѓу себе поради имиња,  историски претци или крвно потекло, како и поради земјата која сме ја населиле само поради историска случајност“, додава Сикас.

Кристина Озимец



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Објавено пред

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.

dobivaj vesti na viber

„Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа како медиумите треба да известуваат, особено кога тоа се однесува на чувствителни настани од јавен интерес. Таквите инструкции, иако формално претставени како апели, во суштина се форма на институционален притисок и можна цензура, што е спротивно на основните демократски принципи и правото на слобода на изразување“, велат од ЗНМ.

Потсетуваат дека членот 16 од Уставот гарантира слобода на јавното информирање и забрана на цензурата, а прашањата поврзани со новинарската етика и професионализмот припаѓаат исклучиво на саморегулаторната сфера. За тие прашања постојат Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ, кои се единствено надлежни да оценуваат евентуални повреди на етичките норми.

„Ги повикуваме новинарите и медиумските работници да продолжат да известуваат со професионализам, етика и чувствителност, особено кога се работи за трагични настани и ранливи групи. Но истовремено, укажуваме дека секој обид за институционално ограничување на пристапот до информации и начинот на известување е неприфатлив и штетен по јавниот интерес“, велат од Здружнието.

ЗНМ останува отворено за дијалог со институциите со цел унапредување на транспарентноста и заемната соработка, но цврсто стои во одбрана на уредувачката независност, медиумската слобода и правото на јавноста да биде информирана – како темелни вредности на секое демократско општество.

Прикажи повеќе...

Македонија

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Објавено пред

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.

dobivaj vesti na viber

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарот претставувал опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Пациентите и персоналот веднаш биле евакуирани, безбедно изнесени надвор од кругот на болницата.

ЦУК под водство на директорот Мухамед Али, побарал дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) и координирал со Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи (МВР). Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушната поддршка, која дејствувала во општина Чучер Сандево – Блаце, за да помогне во гаснењето на пожарот во Бардовци.

Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце, општина Чучер Сандево.
На лице место, заедно со директорот на ЦУК, Мухамед Али, беше и директорот на болницата, Иса Абдулаи, кои ја координираа целата акција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хеликоптер го гасне пожарот кај Блаце

Објавено пред

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е веќе вклучен во акцијата за гаснење на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце.

dobivaj vesti na viber

Пожарот избил на потегот пред тунелот, од десната страна на коловозот. Зафатил тежок и непристапен терен, па по дојава на бројот за итни случаи 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побарал воздухопловна поддршка. Хеликоптерската единица бргу се активирала, а акцијата на терен се координира заедно со припадници на противпожарните служби и други надлежни институции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...

Македонија10 часа

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...

Македонија12 часа

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот...

Македонија14 часа

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија15 часа

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава15 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Свет18 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет19 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија1 ден

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ1 ден

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија2 дена

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија2 дена

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ2 дена

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ2 дена

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет2 дена

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија2 дена

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 дена

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 дена

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...