Македонија
Додека Министерството за образование го води ДУИ, учениците Албанци немаат ниту книги, реагираат од Демократското движење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/Screen-Shot-2020-08-26-at-11.40.30-AM.png)
И учебната 2023-2024 година започна со многу проблеми, за кои одговорноста ја сноси Владата, поточно Министерството за образование, оценуваат од демократското движење.
„Немањето учебници е неоправдано, проблем кој се повторува од година во година. Неоправдан е фактот што учениците Албанци се уште се соочуваат со многу проблеми, особено неможноста да учат на својот мајчин јазик, како што е случајот со средношколците Албанци во Велес и со основците во Идризово, Скопје. Значи, некој што е над државата не дозволува да се отвораат паралелки со настава на албански јазик и покрај тоа што министерот за образование и неговиот заменик се од иста партија, владејачката ДУИ“, велат од демократското движење.
Според оваа партија, албанскиот дел од извршната власт не изразува никаква загриженост за драстичното намалување на бројот на ученици, кои заминуваат заедно со родителите за да обезбедат подобра и помирна иднина. Токму ова отсуство ќе влијае на многу брзо затворање на училиштата, особено на оние со настава на албански јазик.
„Не само тоа, туку и многу наставници ќе останат без работа.
Состојбата воопшто не е добра ниту со високото ниво каде исто така се чувствува намалувањето на бројот на студентите. Во ова време на криза кога семејниот буџет е под минимумот за егзистенција, некому му текнува за поскапување на цените во старите студентски домови и нималку достоинствени за сместување на студенти.
Од друга страна, од Министерството за образование велат дека реформата во образованието ќе продолжи според предвидената динамика, бидејќи ги дава очекуваните ефекти. Може ли некој да ни каже за каква реформа се работи и кои се очекуваните ефекти? Реалноста покажува дека во образованието нема никаква реформа, напротив, само тонење, што очигледно влијае на падот на квалитетот на образованието. Сите овие неуспеси имаат еден заеднички именител, но и адресата на вратата на одговорноста. Но, за жал, никој не тропа на оваа врата“, истакнуваат од Демократското движење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.