Македонија
Докиќ: Новите соеви се шират многу полесно, да се носат по две хируршки маски
За заштита од новите соеви коронавирус, кои многу побргу се шират, пулмологот Дејан Докиќ, кој раководи со ковид-центрите на интерните клиники, препорачува да се носат по две хируршки маски или маска Н 95. Тој смета дека граѓаните сами треба да ја издигнат заштитата едно ниво повисоко.
„Овој сој се шири полесно оти има мутација на спајк-протеинот. Тоа е протеинот со кој вирусот навлегува во клетката домаќин. Ова настанува со неколку соја. Не е само британскиот. Има бразилски, има уште поагресивен јужноафрикански. Пациентите, поради таа мутација, може полесно да заболат, што значи, според мене, би требало да се подигне за еден чекор повеќе заштитата што масовно се употребува. Тоа се средствата за лична заштита. Остануваат тие два метра растојание, останува миењето на рацете и евентуално да се носат две хируршки маски или да се носи маска Н 95, чисто за безбедност. Подобро да бидете посериозни и попретпазливи отколку да ги занемарувате овие мерки“, рече пулмологот Докиќ.
Тој не може да каже дали новите соеви дават и полоша клиничка слика кај заболените лица. Засега осумдесет отсто од позитивните лица имаат лесна клиничка слика и одат на домашно лекување, а на другите им треба болничко лекување, но и меѓу нив, поголем е бројот на лица со лесна или среднотешка клиничка слика.
„Не може со сигурност да се тврди дека овој сој прави потешка клиничка слика. Да, тој заразува поголем број, тоа е точно, затоа реков да се подигнат мерките, но за клиничката слика не може да се тврди бидејќи доаѓаат пациенти кои доцна бараат помош. Дали поради задоцнетото доаѓање е тешка клиничката слика или поради самиот вирус, тоа не можеме да го кажеме. Сѐ уште е на ниво на опсервација“, објасни пулмологот Докиќ.
Сите досега регистрирани вакцини, според Докиќ, штитат и создаваат антитела против мутираните соеви на вирусот. Тој уверува дека е докажано дека соевите може да бидат спречени доколку граѓаните се вакцинираат со некоја од вакцините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

