Македонија
ДПМНЕ гласаат а не прочитале за што, дел од пензионерите нема да добијат покачување, велат од СДСМ
Според СДСМ, пратениците на ДПМНЕ не го ни прочитале законот кои денес неделовнички го поминаа.
Покачувањето на пензиите, според нив, не е во овој закон.
„Покачувањето на пензиите го изгласавме во септември, минатата година.
Со денешниот закон ДПМНЕ насилно и со кршење на Деловник и процедури ги поминаа измените со кои на еден дел од пензионерите нама да им биде зголемена пензијата за 2.500 денари, но и ги намалија критериумите за избор на директор, за да нивниот Мемов од коалициониот партнер ЗНАМ може да остане на таа функција“.
Дополнително, како што додаваат, денес ДПМНЕ направиле се за да му помогне на Африм Гаши и претседавачката со комисијата да не го стават на седница и да не го изгласаат Законот за бранители.
Како што истакнуваат во СДСМ, за сите прекршувања пратеничката која претседаваше со комисијата ќе добие кривична пријава.
„Тоа што пратениците од ЗНАМ и ДПМНЕ го кочат Законот за бранителите нека го објаснуваат на граѓаните. Се што кажаа досега, се излажаа“, се истакнува во реакцијата на оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

