Македонија
ДПМНЕ е неспособна и плати да исплати, 988 вработени во инспекторатите се без плата, велат од СДСМ

Според СДСМ, власта на ДПМНЕ е нспособна ниту постојните плати за вработените во јавниот сектор да ги исплати.
988 вработени во инспекторатите, како што велат, ги оставија без плата токму за празниците само затоа што Министерството за финансии не си ги исполни своите обврски.
Како што оценуваат во опозициската партија, речиси илјада вработени во сите инспекторати во државата се уште не зеле плата за декември, иако вчера истече и последниот законски рок.
„Власта на ДПМНЕ и на Мицкоски е неспособна и воопшто не им е грижа за работниците, тие се грижат само за елитата и своите бизнис партнери“, посочуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Има судии кои живеат како шеици, треба да се прочешла имотот кој го стекнале“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во државата. Со чиновничка плата на грбот на граѓаните стигале до имот како блискоисточни шеици. Судството и обвинителството наместо да се бори против криминалот, реши да служи на неправдите и криминалот. И време е да се стави крај“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица.
Сијамските близнаци, како судиите Илија Трпков и Добрила Кацарска, кои судеа над 200 години во 27 април, треба да се провери дали и каква корист и бенефит имаа од политичките процеси кои ги водеа.
Треба да се провери кои судии пораснаа енормно со својот капитал и наместо око на правдата во Македонија, станаа око на криминалот во државата.
Дополнително, треба да се повика и на одговорност и Љупчо Коцевски каде мистериозно пропушти да реагира во безброј случаи на очигледен криминал.
Жално е што СДС и ДУИ не најдоа за сходно да ниту еднаш да ги поддржат реформите во правосудството во државата.
Тоа покажува дека сите се потонати во истиот криминал. Одговорност мора да има!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Вчера 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, посочуваат од МВР.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -9 било во Маврови Анови, -8 во Крушево, -6 во Берово, -5 во Крива Паланка, -4 во Прилеп, -3 во Штип и Виница, -2 во Тетово, Охрид, Претор и Битола, -1 во Скопје-Петровец, во Скопје-Зајчев Рид, 0 во Велес, Кавадарци и Струмица, 1 во Демир Капија, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 7 во Маврови Анови.
Времето денеска
Наутро променливо облачно, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западниот дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
Во Скопје наутро претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината и особено на повисоко повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.