Македонија
ДУИ: Граѓаните ги преплавија канцелариите на ДИК во поддршка на кандидатурата на Бујар Османи за претседател
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/BDI-2.jpeg)
Од раните утрински часови голем број граѓани во регионалните центри на ДИК во Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Чашка и низ целата држава го ставија својот потпис во поддршка на кандидатот на Демократската унија за интеграција за претседател на државата, Бујар Османи, извести ДУИ.
Демократската унија за интеграција им се заблагодарува на сите оние кои досега ја изразија својата непоколеблива волја да застанат во поддршка на, како што велат, докажаната визија за големи прогресивни достигнувања.
„Потврдувањето на кандидатурата на Бујар Османи преку овој масовен собир на потписи кој несомнено ќе ја надмине бројката од 10.000 потписи ја докажува праведноста на нашите прогресивни идеи.
Како што го исполнивме ветувањето за првиот премиер албанец и сите ветувања за нашата национална и државна факторизација во последните две децении, така и каузата за првиот претседател албанец ќе ја направиме реалност со тоа што прво ќе го трасираме патот за сигурно остварување на оваа визија.
Кандидатурата на Бујар Османи не е само формален изборен чин, туку е нова голема мисија, битка за рушење на следното табу преку избор на претседател во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бадентерово мнозинство.
Оваа мисија, како и сите други, ќе ја водиме заедно и несомнено дека ќе ја оствариме нашата праведна цел“, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.