Македонија
ДУИ: Охридскиот договор без буџет и во рацете на путинистот Стоилковиќ
Демократската унија за интеграција смета дека одбележувањето на Охридскиот договор од страна на моноетничката влада, без легитимитет на албанскиот народ и другите заедници, беше засенето од фактот што го организира заветениот путинист, непризнавач на независноста на Република Косово и Охридскиот договор, како Иван Стоилковиќ, како и со осакатениот буџет.
„Единствени гости во моноетничката прослава беа вазалите и приврзоци на ВМРО, кои никогаш не биле ниту последната дупка во кавалот во однос на Охридскиот договор и кои ги окупираа државните институции како губитници на изборите, без легитимитет на албанскиот гласач, но со претпочитање на ВМРО-ДПМНЕ како во времето на Рахман Морина. Ова понижување на Албанците од страна на милениците на ВМРО достигна загрижувачки размери со тенденција да се поништи секој напредок во насока на еднаквостa. Правната платформа за легитимитет, подготвена како предлог од Пол Вилијамс и ПИЛПГ, го спречува вазалството и недостатокот на етнички легитимитет на институциите во согласност со духот на Охридскиот договор“, велат од ДУИ и додаваат:
„Затоа, од септември ќе почнеме јавни консултации за платформата за легитимитет со академскиот свет, невладините организации, медиумите и граѓаните“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.