Македонија
ДУИ: Признавањето на автокефалноста на МПЦ е важно за стабилноста на целиот регион

Демократската Унија за Интеграција им честита на сите верници од православна вероисповед во Македонија за признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, по едногласната одлука што денес ја усвоија членовите на Советот на Српската Православна Црква.
„ Ова е одлука од голема важност не само за нашата земја, туку и за стабилноста на целиот регион, бидејќи стави крај на долгогодишниот спор што создаде многу контроверзии кои ги потресоа темелите на мирот.
По Охридскиот и Преспанскиот договор, и овој решен спор е пример за мирен протагонизам на двете страни во време кога демонстрацијата на такво нешто е повеќе од потребно. Една по една, со конструктивен и зрел пристап, се надминуваат сите пречки и се отвораат патишта кои гарантираат сигурна и прогресивна иднина на државата.
Демократската унија за интеграција смета дека овој пат на помирување и негување на добрососедски односи со ист епилог, нашата земја треба да го продолжи во спорот со соседна Бугарија за деблокирање на интегративните процеси во семејството на Европската Унија“ велат од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Почна седницата на Советот за безбедност кај Пендаровски

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија се одржува 16-та седница на Советот за безбедност.
На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.
Пкрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ соопштија од кабинетот на претседателот.
По средбата се очекува изјава на Пендаровски.
Македонија
(Видео) Ковачки: Власта со предлогот и овозможува на Бугарија целосен диктат

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, оценува дека власта ја лажеше македонската јавност во врска со Предлогот за отпочнување на преговорите со ЕУ. Владата на Ковачевски лажеше затоа што со овој предлог прават трајна штета на македонските национални и државни интереси, кои водат или кон вечно преговарање или кон асимилација, промена на учебниците, промена на историските читанки за лица и настани од македонската историја и директно задирање во идентитетските прашања, додава Ковачки.
„Со еден збор, владата на Ковачевски предвидува Предлог кој целосно ги опфаќа бугарските барања. Ковачевски и Владата го лажеа народот и кога говореа дека наводно одбиле првичен предлог, за потоа да излезе на виделина дека новиот предлог е ист и со козметички и семантички несуштински измени. Вистината е дека прифаќаат предлог кој во себе содржи механизми кои на Бугарија и овозможуваат целосен диктат на процесот во кој или ќе ги прифаќаме нивните барања или ќе добиваме континуирано вето. Тоа е втората лага на Ковачевски и неговата Влада“, истакнува Ковачки во изјавата.
Тие, како што вели, тврдат дека во рамката за почеток на преговори не се опфатени т.н. историски прашања, но во суштина, смета Ковачки, истата таа рамка содржи Годишен извештај или Протокол кој треба да го цени официјална Софија и од чија содржина зависи напредокот на Македонија.
„Е токму тука во овој годишен извештај ќе се проценува реализацијата на членот 12 од договорот со Бугарија од 2017 година и во кој извештај таксативно и прецизно бугарската страна бара конкретни промени на учебници за лица и настани, споменици и т.н. Така на пример, со точен рок се обврзува македонската страна да направи промена на лекции во учебникот за 7 одделение по географија, во учебникот по историја за Цар Самоил, а во некоја наредна фаза и промена на учебниците кои се однесуваат на Илинденското востание, Гоце Делчев, Сандански, Груев и сите видни револуционери и историски настани. Ова е диктатот кој владата на Ковачевски е спремна да го прифати за да обезбеди сликање кое треба да биде новото селфи од авиончето, бидејќи вистинскиот почеток на преговори би следел после менувањето на македонскиот Устав“, појаснува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Суштинското отворање на пристапниот процес, оценува Ковачки е условен од промена на Уставот, за кој прво истата таа власт тврдеше дека ќе се случи на крајот пред самото членство, за сега да го направи на самиот почеток, без никакви гаранции од нови условувања и понижувања.
„Попатно, не помалку важно ќе биде оценувањето на говорот на омраза кој ќе се разгледува и оценува во рамки на Годишните извештаи кое е со широк опфат и овозможува селективно толкување од страна на Бугарија. Ете заради ваквите ултиматуми и понижувања велиме не благодарам. Заради ваквите лаги на власта на Ковачевски народот масовно излезе и вечерва ќе излезе, гласно и јасно кажа НЕ на асимилацијата на рати која ни се подготвува со овој предлог. И токму затоа граѓаните ќе продолжат и денес со својот мирен и достоинствен протест и денес во 19 часот пред платото на Владата“, додаде Ковачки.
Македонија
ВМРО-Народна: Ако нешто е јасно во договорот тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран

ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат, велат од оваа партија.
Неможе да ги разбереме оние политичари и интелектуалци кои со сила и свесно, како што истакнуваат од партијата на Љубчо Геoргиевски, најверојатно поради партиски причини, сакаат да ги манипулираат македонските граѓани.
„Како што видовме во вчерашните реакции најмногу се манипулира со местото на македонскиот јазик во понатамошниот наш пат кон Европската Унија. Ако нешто е кристално јасно во овој договор тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран и тоа ќе биде јазикот со кој понатаму Македонија ќе комуницира и договара со целиот свет. На крајот на краиштата излегува дека всушност најголемиот проблем на овој предлог е што бугарското малцинство треба да влезе во Уставот на Реублика Северна Македонија. А ако на некој тоа му пречи тогаш за тоа ќе треба да се прави посебна анализа“, се потенцира во реакцијата од ВМРО-НП.
„Околу правните процедури дека можеле пак да ни стават вето сакаме да потсетиме дека тоа не е поради овој договор туку поради реформите кои Европската Унија ги направи пред три години, на иницијатива на Франција. Таа можност апсолутно не е предизвикана од страна на нашиот источен сосед. Затоа ВМРО-Народна партија уште еднаш смета дека францускиот предлог е досега најдобриот предлог во последните неколку години откако излезе спорот со соседна Бугарија“, се истакнува во напишаното од страна на ВМРО-Народна партија.