Македонија
ДУИ: Ќе обезбедиме социјална пензија за секоја жена која не го остварила правото на работна пензија

Жените придонеле подеднакво во градењето на нашата држава и нашето општество – иако можеби никогаш не биле официјално вработени. Тоа се жени кои нè одгледуваа, кои работеа напорно во нашите домови, нашите семејства и во претпријатијата, но кои немаат право на пензија. Тие ја заслужиле нивната пензија и ние треба да бидеме благодарни за нивниот придонес и да го вреднуваме нивниот напор даден во текот на целиот нивен живот“, вели Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец на ДУИ.
Во неговиот акциски план за првите 100 дена како премиер, Зибери предвидува социјална пензија за сите жени кои никогаш не работеле официјално. За него оваа мерка е со најголем приоритет.
„Можеме да ја процениме вредноста на општеството според начинот на кој се однесуваме кон постарите лица. Едноставно е неправедно овие жени да не добиваат државна пензија, покрај сè што направиле за нас и за нашето општество. Треба да ја почитуваме нивната работа, треба да ги почитуваме овие жени и да бидеме благодарни“, рече Зибери.
Оваа социјална пензија е една од 25-те конкретни мерки на планот на Зибери која предвидува подобрување на животот на сите граѓани.
„Сакам општество каде секое семејство, секој граѓанин има сигурен приход за обезбедување на еден пристоен живот. Сакам општество во кое никој не e изоставен. Ова не само што ќе придонесе кон подобар квалитет на животниот стандард на сите граѓани, но ќе ја зајакне и нашата економија. Да бидам првиот премиер Албанец за мене не е само симбол на еднаквост, туку е и алатка за подобрување на животот на сите граѓани “, рече Зибери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на ГП Блаце во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила

Од 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила, а наизменично движење за ТТМВ со хладњачи додека за ТТМВ со церади движењето е се уште забрането, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затварач од ф – 2,5 “ на улицата 16 – та Македонска Бригада б.б без вода ќе останат дел од корисниците од улиците 16-та Македонска Бригада, Лазар Поп Трајков, Трифун Хаџи Јанев и Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Денеска сончево и многу топло, од среда значително опаѓање на дневната температура

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе биде во пораст.