Контакт

Македонија

ДУИ: 5 починати деца за помалку од два месециа време е за одговорност

Објавено пред

Од ДУИ велат дека смртта на уште едно дете во Детската клиника е трагедија која не смее да помине без одговорност.

dobivaj vesti na viber

„Ова е петти пат како слушаме за загуба на дете за помалку од два месеци, додека здравствениот систем е оставен на автопилот, а министерот за здравство се занимава со партиски агенди. Од едно интервју до друго, министерот е повеќе во партиските игри отколку во министерството, додека нашите најмили ја плаќаат цената на некомпетентноста и негрижата. Ова го премина секој праг на хуманото и прифатливото“, додаваат од ДУИ.

Во име на одговорноста кон граѓаните, ДУИ бараат итна оставка на директорот на Клиниката и министерот за здравство.

„Невидената неспособност и неодговорност веќе ги одзема животите на нашите најмили. Ова е аларм кој не смее повеќе да се игнорира!“, велат од ДУИ.

Македонија

Минчев: Реформите во јавната администрација се клучни за нашата европска иднина

Објавено пред

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја истакна важноста на реформите во јавната администрација на состанокот на специјалната група за реформа на јавната администрација посветен на европските интеграции и административните реформи.

dobivaj vesti na viber

Министерот Минчев упати благодарност до Европската Унија, СИГМА, РеСПА, и останатите партнери за нивната континуирана поддршка и посветеност, нагласувајќи ја клучната улога на јавната администрација како столб на модерното општество и важен фактор за подготовката на Република Македонија за членство во Европската Унија.

„Реформата на јавната администрација е еден од главните приоритети во пристапното партнерство со Европската Унија, дел од првиот кластер – Основи, во согласност со новата Методологија за пристапни преговори. Но, овие реформи не се само обврска кон ЕУ, туку и обврска кон нашите граѓани. Наша цел е да изградиме модерна, транспарентна и ефикасна јавна администрација што нуди брзи и квалитетни услуги за сите,“ – истакна Минчев.

Минчев информираше за клучните активности на Министерството за јавна администрација, кои се насочени кон реализација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, Планот за раст и Патоказот за реформи.

Во тек е изработка на нова законска рамка која ги опфаќа законите за вработените во јавниот сектор, административните службеници, и стручното усовршување, со цел воспоставување институционални механизми за континуирана едукација и професионализација на службениците.

„Извештаите на Европската комисија и оценските мисии на СИГМА ги гледаме како компас за насочување на реформите. Тие ни покажуваат не само каде треба да бидеме подобри, туку и колку е значајна соработката со ЕУ и сите останати партнери,“ – додаде министерот, повикувајќи на заеднички напори за исполнување на приоритетите.

Минчев ја истакна потребата од зајакнување на меѓуинституционалната соработка и партнерствата со граѓанскиот сектор, како и меѓународните организации.

„Нашата посветеност на реформите е недвосмислена, но успехот е возможен само преку заеднички труд. Уверен сум дека со стратешка соработка ќе постигнеме значајни резултати кои ќе ја потврдат нашата подготвеност за полноправно членство во европското семејство,“ – заклучи тој.

Министерството за јавна администрација останува посветено на исполнувањето на своите реформски цели во партнерство со Европската Унија и меѓународните организации.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лефков: Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има

Објавено пред

Чистиот како солза Груби, кој првин се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал во Лотарија ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД, а пред отпочнување на кривичната постапка против него. Дали е чист како солза или матен нека си докаже пред суд, ако има храброст да се соочи со доказите. Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

dobivaj vesti na viber

„Осум милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главни актери се Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија. И Груби и Бајрами се кадар на ДУИ, кои додека ја краделе државата по потреба еднаш беа зелени, па европејци, па сееја раздор за етнички тензии. Во принцип само менуваа маски за да крадат. Пукна како меур од сапуница наративот на ДУИ дека се борат за зелени агенди или за ЕУ. Тие се бореле и се борат за да прават криминал и да ги ограбуваат граѓаните, соучесници во тој криминал им беа СДС“, изјави Лефков.

Порача дека мора да има одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби, ДУИ и СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотрес почувствуван во Скопје

Објавено пред

Земјотрес од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Потресот се случи во 11.41 часот, а епицентарот е во Косово, на 36 километри северозападно од Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Скопје. Потресот се случи во 11.41 часот, а епицентарот е...

Македонија3 часа

Одземени пасошите на четворица осомничени за „Лотарија“, се одлучува за притвор за Груби и Бајрами

На четворица од осомничените во случајот поврзан со „Државна лотарија на РСМ“ им се одземени пасошите, а во текот на...

Македонија3 часа

ДУИ го завршува својот режим на најлош можен начин, нулта толеранција за криминалот и корупцијата, велат од „Влен“

„Полициските акции за борба против корупцијата и организираниот криминал се доказ дека борбата против криминализираните лица ќе биде безкомпромисна и...

Македонија4 часа

Спречени обиди за шверцување компјутерска опрема за рударење крипто-средства, суплементи, парфеми од познати трговски марки

Во текот на минатата недела царинските службеници и мобилните тимови спречија обиди за шверцување разна стока, при што е запленета...

Свет5 часа

Трамп: Турција е многу паметна, изврши непријателско преземање без многу жртви

Турција ги контролира бунтовниците кои го соборија поранешниот сириски диктатор Башар ал Асад, изјави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за...

Европа5 часа

(Видео) Зеленски: Москва користи екстремни тактики за да го прикрие идентитетот на севернокорејските војници

Руската армија се обидува да ги прикрие загубите на севернокорејските војници кои учествуваат во војната против Украина, изјави вчера претседателот...

Европа5 часа

Во експлозија во Москва убиен еден од најважните руски генерали

Генерал на руските вооружени сили и неговиот помошник загинаа во експлозија во Москва. Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите...

Свет5 часа

(Видео) Урнати згради, уништени автомобили, нарушени комуникациски врски: земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер го погоди Вануату

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер го погоди Вануату, при што беа оштетени згради и друга инфраструктура....

Регион6 часа

Црна Гора затвори три поглавја од преговорите со ЕУ

Црна Гора вчера вечер затвори три преговарачки поглавја, со што двојно го зголеми бројот на затворени поглавја во пристапните преговори...

Европа6 часа

Трамп: Ќе разговарам со Путин за крајот на војната во Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави на прес-конференција во неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида дека има намера да стапи во...

Свет6 часа

(Видео) Нови детали за пукањето во САД: тинејџерка уби наставник и ученик, а потоа се самоуби

Во христијанското училиште Абндант Лајф во Медисон во американската држава Висконсин дошло до пукање во кое загинаа три лица, наставник,...

Македонија17 часа

Обвинителството бара притвор за Груби и Бајрами поради проневера во Државна лотарија, двајцата не се во државата

Обвинителството бара притвор за директорот на Државна лотарија, Прпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, поради проневера во Државна лотарија....

Свет19 часа

Падна германската влада

Германскиот канцелар Олаф Шолц, очекувано, го загуби гласањето за доверба, што го отвори патот за предвремени избори на 23 февруари....

Македонија19 часа

Почина седуммесечно бебе на Детската клиника

Седуммесечно бебе почина на Клиниката за детски болести. Бебето било примено минатата недела поради сериозен синдром кој зафатил повеќе органи,...

Македонија20 часа

Уапсените за тероризам од Гостивар и Струга планирале напади по примерот на ИСИС

Три лица од Гостивар и едно лице од Струга се приведени поради тероризам. Првоосомничениот е 21-годпишен гостиварец, кој на почетокот...

Македонија20 часа

Тошковски го повика Груби да се врати во земјата поради истрагата за Лотарија, кривична и за поранешен премиер

Против осум физички лица поднесени се кривични пријави поради сомнежи за криминал во Државна лотарија. Министерот за внатрешни работи, Панче...

Македонија22 часа

Мицкоски: Имам сознанија за вмешаност и на други поранешни високи државни функционери за криминал во Државна Лотарија

Од оние информации кои располагам, знам дека постојат основани сомневања за криминал во Државна Лотарија од поедини поранешни високи владини...

Македонија1 ден

Бројот на производи во новогодишната кошница достигна 1.036, Пазарниот инспекторат ќе утврдува злоупотреби

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши соопшти дека откако вчера почна мерката новогодишна кошничка, бројката на производи кои што...

Топ1 ден

Сопатник загина, возачот тешко повреден – со автомобил удриле во бетонски столб

Вчера во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски...

Македонија1 ден

Огласот за вработување 1.100 медицински сестри, лаборанти и болничари ќе биде распишан до Нова година, вели Таравари

До крајот на годината ќе биде распишан огласот со кој трајно вработување, место сегашното со договор на дело, ќе добијат...