Контакт

Македонија

Дуковски: Ова е дискриминација, најболниот во случајов е во притвор, а двајца се со поблаги мерки

Објавено пред

Бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, по денешното рочиште посочи дека е дискриминација што неговиот клиент и првообвинет во „Рекет“ сè уште е во притвор.

„Дали не ви личи на дискриминација, двајца се со поблаги мерки, а најболниот во овој предмет е со судски притвор. Секогаш истите образложенија, семејна состојба, опасност од бегство. Не знам што ќе одлучи Апелациониот суд за притворот, но не ми е јасно зошто се продолжува притворот“, рече Дуковски.

Тој го дообјасни Јовановски, дека бараат меѓународна медицинска еваулација на досега извадените документи и прегледите.

„Дадени се во неколку странски земји, во Србија и во други земји, согласно ЗКП имаме право да го дадат своето мислење. Ете тоа е евалуација од друга земја“, рече Дуковски.

За наводниот криминал на Вилма Руисковска од четири милион евра, посочи да се праша Бојан Јовановски.

„Јас не знам, тоа може да го прашате ќе ви објасни детално за тоа Бојан Јовановски“, рече Дуковски.

Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница

Објавено пред

Поради верскиот празник Задушница, викендов, 22 и 23 февруари, во периодот од 6 до 16 часот на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде што се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата Александар Урдаревски, во продолжение по локален пат за с. Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на улицата Боца Иванова и излегување од улицата Боца Иванова кон улицата Александар Урдаревски.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата во Ѓорче Петров по улицата Црногорска, а на гробиштата „Камник“ по улицата Јужноморавски бригади и улицата Роман Каскалиевиќ.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и наредбите на униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

ЈСП информира дека денеска на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка Бара/гробишта „Бутел“), 59А (Ново Лисиче – гробишта „Бутел“) и 59Б (Кисела Вода – гробишта „Бутел“), ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Возниот ред може да се види на веб-страницата www.jsp.com.mk. Дополнителни информации може да се добијат во Диспечерскиот центар на 3173-224.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време со северен ветер

Објавено пред

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието, информира УХМР.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно, од пладневните часови со чести сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Гази Баба

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје и без електрична енергија ќе останат во периодот од 8 до 15 часот корисниците од улиците Петре Георгиев, Челопек, 173 и дел од улицата Ордан Чопела во општина Гази Баба.

В недела планирани се технички зафати во електросистемот на град Скопје и без електрична енергија ќе останат: во периодот од 8.30 до 10 часот корисниците од дел од улицата Благоја Стефковски – кај складот на „Макпетрол“ и кај пругата во општина Гази Баба.

В понеделник планирани се технички зафати во електросистемот на град Скопје и без електрична енергија ќе останат: во периодот од 9 до 13 часот корисниците од улицата Ѓорче Петров, од бр. 70 до бр. 110 во општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 минути

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ36 минути

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа1 час

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет1 час

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ16 часа

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија18 часа

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Македонија18 часа

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на...

Македонија19 часа

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија19 часа

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ20 часа

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија21 час

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија22 часа

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија23 часа

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија24 часа

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава1 ден

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет1 ден

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион1 ден

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет1 ден

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет1 ден

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет1 ден

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Досие