Македонија
Душко Коцевски е нов в.д. директор на ПОЦ
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денес го именуваше Душко Коцевски за в.д. директор на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Васко Кичевски.
„Со чест и задоволство прифатив да бидам нов в.д. директор на ЈП ‘Паркинзи на општина Центар’. Му благодарам на градоначалникот за укажаната доверба. Во следниот период, заедно со тимот, ќе работиме на подигнување на стандардите на работење на уште повисоко ниво. Тоа значи подобри услуги за нашите корисници, соодветен простор за сите учесници во сообраќајот и организирање на јавниот простор за поквалитетно секојдневие во срцето на градот“ – изјави новиот в.д. директор на јавното претпријатие.
Душко Коцевски е роден на 17.12.1988 година во Скопје, каде и го завршува основното и средното образование. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, насока Финансиски менаџмент. Моментално ги завршува постдипломските студии на CITY College Thessaloniki, International Faculty of the University of Sheffield, каде ќе се стекне со титулата магистер по бизнис-администрација (Executive MBA). Учествува на многубројни домашни и интернационални проекти за лидерство како што се: Програмата за одржливо лидерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј – Економски факултет – Скопје, Институтот за истражување на животна средина, градежништво и енергија (IECE), Универзитетот во Грац, Универзитетот во Љубљана и Универзитетот Витаутас Магнус; The LEADER Project, Ivey Business School (University of West Ontario).
Во својата кариера Душко Коцевски беше заменик-директор на ЈП „Градски паркинг Скопје“, каде дојде на оваа позиција од менаџерска позиција во приватниот сектор во металната индустрија, a до неодамна беше и претседател на Извршниот одбор на ЈП „Паркови и зеленило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

