Македонија
Европски фронт: Слугите на ВМРО отстранија се што е национално и го донесоа Иван Стоилковиќ

Денешниот трагично-комичен спектакл на коалицијата која ги загуби парламентарните избори е само уште еден обид да се измамат граѓаните со празни ветувања како оние од предизборната кампања кои не успеаја ниту да станат дел од програмата на нелегитимната Влада за која се предупредува, велат од Европскиот фронт.
„Законот за правична застапеност што денеска го прогласи ВЛЕН не е дел од владината програма што до Собранието ја достави претставникот, Христијан Мицкоски.
Оваа коалиција на слуги и измеќари нема апсолутно никаква храброст и знаење да бара и да го натера нивниот газда, ВМРО-ДПМНЕ, да вклучи барем едно национално прашање во владината програма.
Она што засега е официјално е само отстранување на Балансерот, како важен механизам кој потекнува од Охридскиот договор и има за цел да ги заштити етничките заедници од мајоризација и дискриминација во државните институции.
Да се покрие овој неуспех, како и други пропусти како загубата на првиот вицепремиер, намалувањето на бројот на министерства, губењето на најтежинските министерства, намалувањето на бројот на дирекции, изборот на про -путинистот и про-Вучиќ, антикосварецот, Иван Стоилковиќ за министерот за спроведување на Охридскиот договор и многу други неуспеси, ВЛЕН денеска ја извади следната лага која повеќе наликуваше на траги-комично шоу оправдувајќи ја партијата за улогата на министерот и вазал на ВМРО“, се наведува во соопштението на Европскиот фронт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).