Контакт

Македонија

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Објавено пред

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир Капија- Неготино.

Возачот кој управувал со возилото во кое биле мигрантите, побегнал од местото на несреќата, јави МВР.

Во возилото се превезувале 13 лица, од кои 10 од Пакистан и три од Бангладеш. Починатиот бил на возраст од 20 години, додека четири лица-мигранти се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, а осуммина од мигрантите се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во болницата во Кавадарци.

Во несреќата, покрај возилото со странските државјани, учествувале и товарно моторно возило со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (61) од Кавадарци и патничко моторно возило со српски национални ознаки, управувано од С.Ч.(52) од Република Србија.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Македонија

Мизрахи контра Шкријељ: Таа го спречува движењето на документите низ Министерството

Објавено пред

Рашела Мизрахи, која е технички министер за труд и социјална политика во преодната влада, обвинува дека дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ креира упад во нормалното функционирање на МТСП.

Мизрахи тврди дека дека Шкријељ вон законски рамки ја блокира нејзината работа, го спречува нормалното функционирање на МТСП и нормалното движење на документите низ институцијата.

„Санела Шкријељ со нескриена партиска агенда врши притисок и мобинг врз вработените во МТСП. Последниот истап на Санела Шкријељ е директно влијание и забрана која излегува од законските рамки да спречи архивирање на документи потпишани од Министерот за труд и социјална политика и нивно понатамошно спроведување и постапување по нив во рамките на работата на МТСП. Сето ова го наметнува прашањето од што се плаши дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ и што е тоа што не треба да излезе на виделина?“, вели Мизрахи.

Според неа, ваквиот начин на функционирање е евидентен подолг период.

„Поголем дел од Центрите за социјална работа под МТСП извесно време функционираат со Вршители на должност на местото директори, преку овластувања издадено од претходниот Министер. За жал, со изгласување на новиот владин состав, односно со именувањето на Рашела Мизрахи за Министер во МТСП, како и на Санела Шкријељ како дополнителен заменик министер, одреден дел од ВД директорите создаваат дисфункција на системот со нивно отсуство, но и заради намерни пропусти и неизвршувањето на работните задачи. Зад сиот процес на создавање тешкотии во организацијата на севкупниот процес на работа, за жал стои политичка мотивација на дел од ВД директорите, но и евидентниот притисок од дополнителниот заменик министер во МТСП Санела Шкријељ.

Сето ова ги надминува границите на политичка коректност но и верба во капацитетот на кадарот Санела Шкријељ од СДСМ во насока на делување кон создавање амбиент за фер и демократски изборен процес, што е и целта на ваквиот дополнителен заменски министер. Воедно, ваквото делување и демонстрирање сила, отвора сомнеж за намерно блокирање на процесите на работа на МТСП, но и обид за сокривање на претходни недоследности од минатиот министер.

МТСП не смее да дозволи нефункционирање на сопствениот систем што би довело до последици кои директно ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија.

​Вработените во МТСП не смеат да бидат жртви на партиската агенда на СДСМ и нивниот кадар дополнителниот заменик министер во МТСП, Санела Шкријељ“, вели Мизрахи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев-Тимоние: Добро е да дадеме дополнителен аргумент пред ЕУ со усвојувањето на Законот за Јавно обвинителство

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние.

На средбата беше разговарано на повеќе актуелни теми, како процесот на интеграција во ЕУ, спроведувањето на реформите, но и актуелната политичка ситуација и работата на преодната Влада задолжена за организирање на предвремените парламентарни избори во април.

„Пораките што овие денови стигнаа од претставници на Европската Унија покажуваат дека Европската комисија има план и тоа ни го враќа оптимизмот. Се надеваме дека новата методологија ќе биде изготвена наскоро и ќе понуди фер пристап како за нас, така и за ЕУ. Од друга страна, за нас како држава е добро да дадеме дополнителни аргументи пред ЕУ преку усвојување на Законот за Јавно обвинителство. Важно е да покажеме демократски капацитет и Законот да влезе во Собранието и да биде усвоен. Законот за Јавно обвинителство е важен за правосудството и за државата“, порача Заев.

Осврнувајќи се на темите поврзани со изборите, Заев истакна дека сега кога опозицијата има претставници во Владата, потребно е сите да преземат одговорност не само за организирање фер и демократски избори, туку и да настапуваат проективно со цел граѓаните што помасовно да го искористат своето избирачко право.

„Преодната влада покрај тоа што треба да организира фер, слободни и демократски избори, треба да ја продолжи реализацијата на политиките и мерките што носат придобивки за граѓаните“, заклучи Заев.

Тој исто така посочи дека СДСМ е подготвен за избори, дека финишира подготовката на изборната програма која СДСМ ја пишува заедно со целни групи, со стручна јавност, со синдикати и стопански комори.

Францускиот амбасадор Тимоние истакна уверување дека ЕУ ќе подготви нова методологија која ќе биде во интерес на земјите кандидатки за членство во Унијата и Северна Македонија ќе продолжи со процесот на интеграција. Амбасадорот Тимоние го поздрави напредокот на Северна Македонија додавајќи дека сè уште има простор за напредок во реформите, а за тоа е потребно и носењето на Законот за Јавно обвинителство, како и зајакнување на борбата против криминалот и високата корупција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Објавено пред

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните, информираат од Царинската управа.

Оттука уверуваат дека согласно стратешките определби, во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните, увозот и контролата на опасен отпад, како стока со ризик, секогаш е предмет на царинска контрола и во рамките на надлежностите на ЦУ истата се спроведува согласно законот. Тоа подразбира задолжително поседување соодветна дозвола за увоз од надлежното министерство, во случајов тоа е Министерство за животна средина и просторно планирање.

„На оваа тема добивме повеќе новинарски прашања дали досега е пријавен влез во Република Северна Македонија на одредена стока од компанијата ‘Блацион ДОО’. Во врска со ова информираме дека согласно нашите податоци компанијата ‘Блацион ДОО’ не се појавува како испраќач во увозна царинска постапка. Дел од новинарските прашања се однесуваат на фирмите кои користат гориво од отпад. Согласно евиденцијата со која располага ЦУ, во текот на изминатата година само една компанија користела гориво од отпад“, велат од Царинската управа преку соопштение.

Со цел информирање на јавноста, Царинската управа сподели и информација за вкупно увезениот отпад во текот на 2019 година. Имено, вкупната количина на увезен отпад за изминатата година е 2.215 тони, за кои што секој увозник, како што тврдат од Управата, уредно доставил дозвола издадена од соодветното министерство и при тоа не станува збор за увоз на опасен отпад.

Од Царинската управата додаваат дека со цел утврдување на евентуални неправилности, тие во соработка со Министерството за внатрешни работи преземаат одредени активности во насока на истражување на увозот на отпад. Овие активности продолжуваат во континуитет и со други надлежни институции, а за исходот од истите јавноста ќе биде навремено информирана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија4 часа

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија5 часа

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија5 часа

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет6 часа

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија9 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија9 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ9 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет10 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет11 час

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија11 час

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет11 час

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет22 часа

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет22 часа

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава24 часа

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион1 ден

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет1 ден

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија1 ден

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Европа1 ден

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет. Повредени се околу...

Досие