Контакт

Македонија

Единствена Македонија: Иванов да ја спречи јазичната федерализација

Објавено пред

Политичката партија Единствена Македонија го поддржува претседателот Ѓорге Иванов во намерата да не го потпишува законот за употреба на јазиците. Партијата на Јанко Бачев смета дека штом Иванов тврди дека законот е закана за уставниот поредок, тогаш како претседател е должен да го почитува Уставот.

„Единствена Македонија го поддржува претседателот Иванов во одлуката да спречи јазична федерализација како преодна етапа за територијална федерализација или до кантонизација според мапата на британскиот амбасадор Чарлс Гарет што му ја покажал на Иванов при нивната средба во претседателската резиденција на Водно. Дотолку повеќе, Иванов на 26 декември лани во годишното обраќање во Собранието рече: ‘Законот за јазиците не претставува закана по македонскиот јазик, туку тој претставува закана по унитарноста на државата. Законот го крши Уставот на Република Македонија’. Оттука, ако Иванов вели дека двојазичниот закон е закана за уставниот поредок, тогаш како претседател е должен да постапи според уставната одредба со која пред преземањето на должноста претседател се заколна и обврза на почитување на Уставот“, смета Единствена Македонија.

Политичката партија во соопштението испратено до јавноста истакнува  Иванов да не дозволи да го потпише указот, па да остави Уставниот суд понатаму да се изјасни.

„Иванов да не наседнува на евтините трикови на Зоран Заев и Талат Џафери првин да го потпише указот,  а потоа Уставниот суд да се изјаснува оти, прво, штом еднаш законот заживее, Уставниот суд дополнително и да утврди негова неуставност, нема институционална моќ што може да им одземе веќе стекнато право на Албанците кои 27 години не фермаат устав и ја тераат големоалбанската агенда со владејачката партија ‘Погреб за Македонија’ составена од ВМРО, СДСМ и ДУИ, и второ, простата вистина вели дека доколку се растура државата сите ќе нè затрупа во неа и  каков било Уставен суд дополнително нема да го спречи тоа“, смета Единствена Македонија.

Најново

Култура8 минути

Со проекција на документарни филмови, во шест населени места заврши 17. Патувачко кино на „МакеДокс“

Веќе седумнаесет години Патувачкото кино на „МакеДокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните...

Спорт49 минути

Јамал и Халанд пишуваат историја по Светското првенство, тие вредат повеќе од 200 милиони евра

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери...

Македонија56 минути

Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со...

Спорт1 час

(Видео) Аргентинската легенда проговори откако го удри Олмо по финалето на СП

Роберто Ајала, член на тренерскиот штаб на аргентинската репрезентација, за прв пат проговори за инцидентот по финалето на Светското првенство,...

Црна хроника1 час

Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави

Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени...

Свет1 час

Украински дронови во Пентагон

Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор...

Македонија1 час

Во петок локален дожд, викендов сончево време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,...

Црна хроника1 час

62-годишник силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на...

Црна хроника1 час

Уапсен 16-годишник од Радуша, излетал од патот со автомобил со германски таблички, полицијата му го одзеде возилото

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал...