Контакт

Македонија

Единствена Македонија: Марионетската власт да престане со провокации оти после плачат кога ги тепаат

Објавено пред

Партијата Единствена Македонија реагира за вечерашната прослава за поканата во НАТО.

„Марионетската власт во Скопје со најновата НАТО журка низ 15 градови низ државата, продолжува со провокации спрема народот налик на оние од 27 април лани кога со слични провокации го принудија народот да влезе во Собранието во одбрана на уставниот поредок. Единствена Македонија ја разбира уплашеноста на марионетската власт дека народот не сака во НАТО и промена на името, но, ова не им дава за право со прослави да шират лаги бидејќи Македонија ниту доби покана за членство во НАТО ниту доби датум за преговори со ЕУ. Дотолку повеќе, т.н. НАТО журка е уште и луксузирање врз грбот на граѓаните со бесмилосното трошење на народни пари од буџетот“, пишува во соопштението.

Единствена Македонија вели дека “најдобронамерно ја советува марионетската власт во Скопје да престане со провокации спрема сопствениот народ оти после плачат кога ги тепаат, дотолку повеќе, може да дојде до немили настани во кои рушењето на Македонија и Македонците нема да остане само на тепањето и влечењето во Собранието.“

„Единствена Македонија повторува дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името а единствено ќе остане срамот и одговорноста на марионетската власт во Скопје во очајничкиот обид да избрише се што е македонско од што ќе се срамат од нив и нивните поколенија.“, соопштува партијата.

Македонија

Од вторник дожд и заладување

Објавено пред

Од

До понеделник ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време за овој период од годината, соопшти УХМР. Од вторник поради продор на студена воздушна маса, ќе има зголемување на облачноста проследена со врнежи од дожд и повремено засилен северен ветер. Дневните температури значително ќе опаднат, во поголем дел од земјава повеќе од 10 степени.

Утре ќе биде релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а дневната од 26 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворени дневни центри за лица со попреченост во Велес и Кочани

Објавено пред

Од

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска отвори дневни центри за лица со попреченост во Велес и Кочани. Центрите се опремени по најсовремени стандарди и со нив треба да се зголеми квалитетот на животот на децата и на лицата со попреченост во овие два града и oколината.

„Овие социјални сервиси значат многу за развојот на лицата што ги посетуваат, но и за самата локална заедница. Корисниците кои по неколку часа секојдневно престојуваат во нив имаат програмски активности кои се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, а се работи и во група и со родителите на корисниците“, изјави министерката Царовска.

Центрите, истакна Царовска, помагаат и во исполнувањето на одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, како што се правото на самостојно живеење, лична мобилност, пристап до образование, здавствена заштита, рехабилитација и вработување.

Капацитетот на Дневниот центар во Велес е за шест, а во моментот го посетуваат пет деца, а во кочанскиот има четири корисници, а капацитетот е поголем.

Министерството за труд и социјална политика, покрај центрите во Велес и Кочани, овој месец отвори и други два дневни центра во Прилеп и Македонска Каменица. Претходно веќе функционираат 30-ина дневни центри во цела Македонија, кои имаат 431 корисник до 18 години и 187 корисници над 18 години.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски: За почит е ставот на пратениците дека нема да гласаат за уставни измени

Објавено пред

Пратениците се најсилниот дел од ВМРО-ДПМНЕ и апсолутно е за почит што својот став решиле да го пренесат на овој начин, вели потпретседателот на партијата ,Александар Николоски, во врска со објавите на „Фејсбук“ на некои од пратениците дека ќе гласаат против уставни измени.

„Не мислам дека ставот на пратениците се противи на ставот на претседателот на партијата. Пратениците се најсилниот дел од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја чувствуваат вибрацијата на граѓаните. Тие се во секојдневна комуникација со граѓаните и штом решиле некои од нив вака јавно да го кажат својот став, значи дека тоа е она што го добиваат како вибрација од граѓаните и сакаат да го пренесат и тоа е апсолутно за почит“, рече Николоски на прашање дали оваа акција на пратениците е против ставот на лидерот Мицкоски дека партијата ќе го поддржи процесот ако успее референдумот.

Петнаесетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Меѓу нив се пратениците Влатко Ѓорчев, Ане Лашкоска, Лилјана Затуроска, Павлина Честојнова, Зоран Илиоски, Дафина Стојановска, Димитар Стевананџија, Лилјана Кузмановска, Трајче Димков, Никола Мицевски, Васил Пишев, како и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој, освен ставот дека нема да гласа за уставни измени, додаде и дека ќе го бојкотира референдумот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ24 минути

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите...

Вести5 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион5 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија9 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија10 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија10 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија12 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија12 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија12 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија13 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија13 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет14 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија23 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија1 ден

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија1 ден

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток1 ден

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ1 ден

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Досие