Контакт

Македонија

(Видео) Единствена Македонија: Одѕивот на референдумот беше околу 32 отсто

Објавено пред

Единствена Македонија не го признава резултатот од референдумот. Од партијата тврдат дека над 70 илјади гласови се злоупотребени со груб фалсификат и дека одѕивот бил 32, а не 36,9 отсто.

„Како што е познато, Кризниот штаб против референдумот за време на одржувањето на референдумот имаше 1 646 набљудувачи кои беа распоредени надвор пред избирачките места на законски определената одалеченост и кои ја бележеа на соодветни листови со цртки излезноста на гласачите. Со овој број на набљудувачи беа покриени 2 650 избирачки места земајќи предвид дека во една зграда има повеќе избирачки места. Нашите набљудувачи беа надвор во дворовите пред избирачките места, од причина што Државната изборна комисија не дозволи Кризниот штаб да има свои набљудувачи во просториите каде што се гласа“, изјави Билјана Џинго, членка на Извршниот комитет на Единствена Македонија.

Таа информира дека според податоците што ги добиле, излезноста е околу 32 отсто или на гласање излегле околу 576 илјади гласачи. Според ДИК, одѕивот се 36,91 или 666  743 илјади гласачи, што е разлика споредено со податоците на Единствена Македонија од околу 90 000 гласачи.

„Значи, се остваруваат информациите дека на денот на гласањето во периодот од 17 до 19 часот масовно се полнети кутиите. Дури, според податоците, на избирачки места во средините каде што живее албанското малцинство на секои 11 секунди гласал по еден гласач, што е само посебе надвор од секаква изборна и човечка логика“, рече Џинго.

Според неа, останува мистерија изненадната попладневна средба на самиот ден на референдумот меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети. Но, додаде Џинго, непобитен факт е дека по оваа средба на самиот ден на референдумот, поточно по 17 часот, масовно се полнети кутиите во средините каде што живее албанското малцинство.

Таа повтори дека Кризниот штаб против референдумот „Македонија бојкотира“ не ги признава референдумските резултати, а гласањето на 30 септември го оцени како тежок фалсификат.

Најново

Македонија8 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава8 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет9 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава10 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава10 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет11 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет11 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија12 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија12 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...