Македонија
(Видео) Една година затвор за дедото на починатата Тамара
Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието вина. Одлуката следува по жалбата на Обвинителството. Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од 1 година.
На 11 јули се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид за убиство“. Адвокатката Павлина Зефиќ рече дека ќе ги вложат сите правни лекови за да ја оспорат пресудата.
Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој се товареше за две кривични дела – „обид за убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според она што го кажал пред полицијата, тој дошол утрината сам во Скопје. Кај себе имал повратен билет за Велес. Кажал дека тој напрвин го чекал Тодоров дома, но ексминистерот не се појавил. Потоа дошол пред Министерството за здравство и веднаш кога му се појавил пред очи, почнал да пука кон него. За среќа, Тодоров не беше повреден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

